Најважни токсини што треба да ги избегнувате, особено ако сте бремени

Откријте повеќе…

За време на бременоста жените треба да превземат дополнителни мерки за заштита на здравјето на бебето. Од суштинско значење за бремените жени е да внимаваат на нивната исхрана, ефикасно да се справуваат или да избегнуваат стрес, умерено да вежбаат и доволно да спијат во текот на ноќта. Сепак, верувам дека е еднакво важно за бремените жени да живеат, колку што е можно, начин на живот без токсини.

Ако очекувате бебе или некоја од жените во вашиот живот очекува, тогаш обрнете внимание. Ова се вредни информации што секој родител треба да ги знае.

Зошто бремените жени треба да избегнуваат изложеност на хемикалии

Токсините се насекаде. Може да стигнат до вашето тело преку производи за лична нега, облека, мебел и други предмети за домаќинство. Всушност, може дури да влезат во вашето тело и преку храната и пијалоците што ги консумирате. Постојат преку 70 000 хемикалии што се користат во индустријата, а добар дел од тие соединенија не се соодветно тестирани.

Бремените жени секогаш треба да имаат на ум дека за време на тие девет месеци, нивното неродено бебе е најранливо на изложеност на хемикалии. Крвно-мозочната бариера може да не е доволно развиена за да го заштити бебето од токсините во животната средина и до мајката е да го заштити од изложеност на хемикалии.

Опасноста не завршува по раѓањето. Инваројментал Воркинг Груп (EWG – Environmental Working Group), група за работа во околината, известува дека децата исто така имаат многу ниски концентрации на протеини што ги врзуваат хемикалиите, а тоа дозволува хемикалиите да стигнат до нивниот мозок и други органи во развој.

Што се случува кога децата се изложени на токсини во матката

Не е точно јасно како хемикалиите влијаат врз развојот на фетусот. Сепак, тестови авторизирани од EWG открија преку 200 хемикалии во крвни примероци од новороденчиња. Од нив, 180 се канцерогени, додека 217 се поврзуваат со оштетување на мозокот и нервниот систем. Дополнително, тестови врз животни поврзуваат 208 од тие хемикалии со вродени дефекти и абнормален развој.

Истражувачите веруваат дека зголемувањето на стапките на вродени дефекти, развојни невролошки прашања и други здравствени прашања се последница на опасната изложеност на токсини.

Ова е делумна листа на состојби што се поврзуваат со изложеност на хемикалии во текот на бременоста:

  • Пречки во сексуалната ориентација во матката
  • Генитални деформации како микропенис, неразвиени тестиси и хипоспадија (состојба при која уретрата се формира на горната страна на пенисот)
  • Аутизам и одложувања во невролошкиот развој
  • Нарушувања на ендокринолошкиот систем
  • Висок крвен притисок, намалена плодност, предвремено породување и дијабетес (кај мајката)

Уште поалармантно е што токсините на кои се изложени бебињата додека се во матката може да влијаат на нивните наследени гени, што влијае врз здравјето на вашите внуци и правнуци.

Токсините може да бидат насекаде, но сè уште постојат мерки на претпазливост кои може да ги преземете за да се заштитите себе и здравјето и развојот на вашето дете. Првиот чекор е…

Препознајте ги најважните токсини што треба да ги избегнувате по секоја цена

Откријте кои се најчестите токсини што може да ве демнат во вашиот дом или опкружување, внимателно проучувајќи го инфографикот на почетокот на статијата: „Најважни токсини што треба да ги избегнувате, особено ако сте бремени“. Освен откривање на тие најважни токсини, инфографикот ќе ви обезбеди листа со:

  • Кои соединенија се сметаат моментално за безбедни, но всушност може да имаат негативно влијание врз вашето здравје
  • Кои органски системи може да ги оштетат
  • Секојдневни производи и предмети што ги содржат тие опасни хемикалии – ќе се изненадите кога ќе откриете колку многу од нив ги имате во вашиот дом!

Кога еднаш ќе научите за овие опасности од животната средина, ви советувам да ги замените тие опасни синтетички хемикалии со безбедни природни замени.

Но не застанувајте тука! Ако имате пријатели и сакани кои се родители или идни мајки, ве поттикнувам да ја споделите оваа статија со нив, така што и тие исто така ќе можат да ја намалат нивната изложеност на опасни токсични материи и да уживаат во здрава бременост.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Goodson, W. H., 3rd, Lowe, L., Carpenter, D. O., Gilbertson, M., Manaf Ali, A., Lopez de Cerain Salsamendi, A., Lasfar, A., Carnero, A., Azqueta, A., Amedei, A., Charles, A. K., Collins, A. R., Ward, A., Salzberg, A. C., Colacci, A., Olsen, A. K., Berg, A., Barclay, B. J., Zhou, B. P., Blanco-Aparicio, C., … Hu, Z. (2015). Assessing the carcinogenic potential of low-dose exposures to chemical mixtures in the environment: the challenge ahead. Carcinogenesis, 36 Suppl 1(Suppl 1), S254–S296. https://doi.org/10.1093/carcin/bgv039

Langie, S. A., Koppen, G., Desaulniers, D., Al-Mulla, F., Al-Temaimi, R., Amedei, A., Azqueta, A., Bisson, W. H., Brown, D. G., Brunborg, G., Charles, A. K., Chen, T., Colacci, A., Darroudi, F., Forte, S., Gonzalez, L., Hamid, R. A., Knudsen, L. E., Leyns, L., Lopez de Cerain Salsamendi, A., … Collins, A. R. (2015). Causes of genome instability: the effect of low dose chemical exposures in modern society. Carcinogenesis, 36 Suppl 1(Suppl 1), S61–S88. https://doi.org/10.1093/carcin/bgv031

Özen, S., & Darcan, Ş. (2011). Effects of environmental endocrine disruptors on pubertal development. Journal of clinical research in pediatric endocrinology, 3(1), 1–6. https://doi.org/10.4274/jcrpe.v3i1.01

Rudel, R. A., Ackerman, J. M., Attfield, K. R., and Green Brody, J. G. (2014). New Exposure Biomarkers as Tools for Breast Cancer Epidemiology, Biomonitoring, and Prevention: A Systematic Approach Based on Animal Evidence. Environmental Health Perspectives, 122(9) https://doi.org/10.1289/ehp.1307455

Trasande, L., Zoeller, R. T., Hass, U., Kortenkamp, A., Grandjean, P., Myers, J. P., DiGangi, J., Bellanger, M., Hauser, R., Legler, J., Skakkebaek, N. E., & Heindel, J. J. (2015). Estimating burden and disease costs of exposure to endocrine-disrupting chemicals in the European union. The Journal of clinical endocrinology and metabolism, 100(4), 1245–1255. https://doi.org/10.1210/jc.2014-4324

error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.