Никогаш не откажувај се!

Еден обичен ден решив да се откажам… Да, одлучив да дадам отказ на работа, да ја прекинам врската и да престанам со духовноста. Одлучив да се откажам од мојот живот. Но пред да го направам тоа, отидов во шумата да разговарам со Бог за последен пат.
Го прашав Бог: „Господе, можеш да ми дадеш една добра причина зошто да не откажам?“
Неговиот одговор ме изненади. Бог рече: „Погледни околу тебе. Ги гледаш папратот и бамбусот?“
Одговорив: „Да.“

„Кога ги засадив семињата од папратот и бамбусот, многу добро се грижев за нив. Им давав светлина. Им давав вода. Папратот брзо израсна од земјата. Неговото неверојатно зеленило ја покри земјата. Сè уште ништо немаше никнато од бамбусовото семе. Но не се откажав од бамбусот. Втората година папратот порасна уште поенергичен и поголем. Но сè уште ништо немаше никнато од бамбусовото семе. Но не се откажав од бамбусот.

И по три години немаше ништо никнато од бамбусовото семе. Но не се откажував. Четвртата година немаше ништо никнато од бамбусовото семе. Но не се откажував. Тогаш петтата година од земјата се појави мал никулец. Споредено со папратот, беше навидум мал и безначаен… Но само по шест месеци бамбусот израсна преку 30 метри. Помина пет години пуштајќи корени. Тие корени го направија силен и му го дадоа тоа што му беше потребно за да преживее. На ниедна од моите творби не би ѝ дал предизвик со кој што не може да се справи.“ – одговори Бог.

Потоа Бог ме праша: „Знаеш, дете мое, дека цело ова време додека се бореше, ти всушност пушташе корени. Не се откажував од бамбусот. Никогаш нема да се откажам од тебе. Никогаш не треба да се споредуваш со другите. Бамбусот имаше различна цел од папратот. Сепак и двата ја направија шумата прекрасна.“
Бог ми рече: „Твоето време ќе дојде. Високо ќе се издигнеш.“
Потоа го прашав Бог: „Колку високо треба да се издигнам?“
Бог ме праша: „Колку високо ќе се издигне бамбусот?“
Бев збунет: „Толку високо колку што може?“
„Да.“ – одговори Бог. „За моја слава, издигни се високо колку што можеш.“

Никогаш, никогаш, никогаш не треба да се откажувате – бидејќи Бог никогаш нема да се откаже од вас. И запомнете – не кажувајте му на Бог колку е голем проблемот, кажете му на проблемот колку е голем Бог!

Извор: непознат