Сирењето и павлаката се добри за вашето срце

По неколку децении истакнување на измамата за ниската содржина на масти, научниците сега признаваат дека сирењето и павлаката се добри за вашето срце и можат да помогнат во превенција на дијабетес

Храна богата со заситени масти, како сирење и павлака, всушност може да го подобри здравјето и да го намали ризикот од дебелина, срцеви заболувања и дијабетес, според едно истражување спроведено од истражувачите на Универзитетот во Берген, Норвешка, а објавено во американското списание за клиничка исхрана „Американ Џурнал оф Клиникал Нутришн“ („American Journal of Clinical Nutrition“).

Наодите противречат на претходно истакнуваната мудрост – дека исхрана богата со заситени масти го зголемува ризикот од дебелина и метаболни заболувања – но се во согласност со едно поново истражување на оваа тема.

„Постои огромно фокусирање на избегнување на храна со висока содржина на масти за одржување на телесната тежина, но ова истражување го предизвикува концептот дека заситените масти имаат големо негативно влијание врз здравјето и телесната тежина.“ – изјави истражувачот Сајмон Денкел.

„Луѓето чија исхрана беше богата со масти не само што изгубија телесна тежина, туку исто така станаа и повитки, и имаа пониско ниво на холестерол.“

Висината на мастите и телесната тежина опадна

Истражувањето беше спроведено на 38 луѓе со стомачна дебелина, на кои им беше дадено да спроведуваат начин на исхрана богат со масти или претежно нерафинирани јаглехидрати. Истражувачите ги измерија кардиоваскуларните ризик фактори на учесниците, како и мастите околу стомакот, црниот дроб и срцето.

Двата начини на исхрана содржеа приближно ист број калории, протеини и незаситени масти (од растителни масла, освен маслиново масло). Двата начини на исхрана содржеа ниска количина на рафиниран шеќер. Мастите во истражувањето беа обезбедени главно од минимално обработени извори како сирење, павлака, путер и кокосово масло. Двата начини на исхрана не содржеа високо рафинирани масла, маргарин, ниту транс масти.

Луѓето во двете групи изгубија телесна тежина и покажаа драстично намалување на ризик факторите за кардиваскуларна болест, дијабетес тип 2 и рак. Тоа противречи на официјалните совети за исхрана кои предвидуваат дека групата која се храни со нерафинирани јаглехидрати ќе има подобрување на здравјето, додека кај групата чија исхрана е богата со масти ќе се забележи влошување на здравјето.

„Високиот внес на заситени масти и воопшто вкупно масти не го зголеми пресметаниот ризик за кардиоваскуларни заболувања.“ – изјави истражувачот Отар Најгард.

Поточно, луѓето во групата со исхрана богата со масти забележаа намалување на нивниот крвен притисок, инсулин, глукоза во крвта, масти во крвта и ектопично складирање на масти.

Сите подобрувања се забележани дури и кај луѓето кои го зголемиле вкупниот внес на калории.

Јадете високо квалитетна храна

Научниците велат дека наодите укажуваат дека науката за исхраната можеби погрешила со тоа што се фокусирала на поединечни хранливи материи.

„Нашите наоди покажуваат дека највисокиот принцип на здрава исхрана не е количината на масти или јаглехидрати, туку квалитетот на храната што ја јадеме.“ – изјави истражувачот Џони Лопса-Борџ.

Научниците истакнаа дека здравјето на луѓето се подобри бидејќи се хранеа со добра храна составена од непреработени производи. Можно е, но сè уште треба да се потврди, дека претходни истражувања откриле дека заситените масти се лоши за здравјето бидејќи проучувале луѓе со генерално нездрав начин на исхрана.

„Ги истажувавме ефектите на заситените и вкупните масти во склоп на здрав начин на исхрана богат со свежи, минимално обработени производи богати со хранливи материи, вклучувајќи високи количини на зеленчук и ориз наместо производи базирани на брашно.“ – вели истражувачот Вивиен Виам. „Изворите на масти беа исто така минимално обработени, главно путер, павлака и ладно цедени масла.“

Исто така контрадикторно во однос на конвенционалната мудрост за исхраната е тоа што нема зголемување на нивото на ЛДЛ (LDL) – „лошиот“ холестерол меѓу луѓето со исхрана богата со масти. Нивото на ХДЛ (HDL) – „добриот“ холестерол се зголемило.

„Овие резултати укажуваат дека повеќето здрави луѓе веројатно добро толерираат висок внес на заситени масти, се додека квалитетот на мастите е добар и вкупниот внес на енергија не е преголем. Дури може да биде и здраво.“ – рече Отар Најгард.

Голем број на истражувања во последниве години започнаа да го поткопуваат претходниот консензус за заситени масти. Една статија од Националниот институт за здравје објавена во британското списание за медицина „Бритиш Медикал Џурнал“ („British Medical Journal“) во почетокот на 2016-тата година, покажува дека луѓето кои ги замениле заситените масти со незаситени масти, не покажале промена во ризикот од срцево заболување.

Тоа ги повторува заклучоците од прегледот на 50 истражувања во британското списание за медицина „Бритиш Медикал Џурнал“ („British Medical Journal“), за врската помеѓу заситените масти, транс мастите и здравјето. Тоа истражување не покажува докази дека заситените масти се лоши за здравјето. Спротивно на тоа, покажува огромни докази дека транс мастите (индустриски добиен производ) се многу опасни.

Давид Гутиерез