Оптимална изложеност на сонце може да помогне да ве заштити од рак на кожа

Сончевата светлина предизвикува вашата кожа да создава витамин Д – факт е дека, иронично, кампањите за заштита од сонце направија милиони луѓе да имаат хроничен недостаток на оваа важна хранлива материја и ги ставија на уште поголем ризик од рак на кожа, наместо да го намалат нивниот ризик.

Едно истражување покажува дека многу ниска концентрација на витамин Д е главен ризик фактор за појава на меланом. Тоа е спротивно од идејата дека преголема изложеност на сонце го зголемува ризикот од појава на меланом.

Според професорот Ангус Далглеиш, во дневниот печат напишано е:

„Едно истражување покажува дека голем процент од луѓето во Велика Британија се дефицитарни на витамин Д бидејќи воопшто не можат да го создаваат од сонцето скоро шест месеци од годината.“ Може да звучи шокантно дека сонцето – демонизирано со децениции како причина за појава на рак на кожа – може всушност да помогне да ве заштити од истата судбина кога се користи разумна изложеност. Постојат убедливи докази што го поддржуваат тоа.

Како сонцето помага да ве заштити од рак на кожа

Неколку истражувања потврдуваат дека соодветна изложеност на сонце всушност помага во превенцијата на рак на кожа. Всушност, пронајдено е дека појавата на меланом се намалува со поголема изложеност на сонце, а може да биде зголемена со користење на креми за заштита од сонце.

Едно такво истражување открива дека пациентите со меланом кои имале поголема изложеност на сонце, имале помали шанси да умрат од другите пациенти со меланом; а пациентите кои веќе имале меланом и потоа биле повеќе изложени на сонце, биле посклони кон помалку агресивен тип на тумор.

Зошто е сонцето толку корисно?

Бидејќи вашето тело е способно да создава витамин Д токму преку изложеност на сончева светлина, а оптималните вредности на витамин Д се клучни во превенција на бројни типови на рак, вклучувајќи меланом.

Мора да добивате доволно витамин Д за оптимално здравје

Витамин Д е стероиден хормон кој влијае речиси на секоја клетка во вашето тело и е лесно еден од најмоќните борци на природата против рак.

Рецепторите што реагираат на витамин Д се наоѓаат во скоро секој тип на клетка кај човекот, од коските до мозокот. Вашите органи можат да го претворат витамин Д во вашиот крвоток во калцитриол, кој е хормонска или активирана верзија на витамин Д. Потоа вашите органи го користат за да поправат штета, вклучувајќи штета од канцерозни клетки и тумори. Заштитните ефекти на витаминот Д против рак функционираат на повеќе начини вклучувајќи:

  • Зголемување на самоуништување на мутирани клетки (кои, ако им е дозволено да се реплицираат, може да доведат до рак)
  • Намалување на ширење и размножување на канцерозни клетки
  • Предизвикување клеточна диференцијација (кај канцерозните клетки често недостига диференцијација)
  • Намалување на раст на нови крвни садови од веќе постоечки, што е чекор во транзицијата на неактивните тумори во канцерозни

Многу теории кои го поврзуваат витаминот Д со превенција на одредени типови на рак се тестирани и потврдени во повеќе од 200 епидемиолошки истражувања, а разбирањето на нивната физиолошка основа потекнува од повеќе од 2 500 лабораториски истражувања, според епидемиологот Седрик Гарленд, доктор, професор по семејна и превентивна медицина на Медицинскиот факултет во Сан Диего при Универзитетот на Калифорнија. Сончевата светлина е далеку најдобриот начин да добиете витамин Д. Затоа т.н. експерти кои ве советуваат да избегнувате сончева светлина и религиозно да нанесувате креми за заштита од сонце, всушност ве охрабруваат да го зголемите вашиот ризик од рак, а не да го намалите.

Терапевтскиот ефект на сонцето е прашање на соодветна изложеност

Чест мит е дека повремено изложување на вашето лице и раце е „доволно“ за снабдување со витамин Д. За повеќето од нас, тоа е апсолутно несоодветна изложеност за вредностите на витамин Д да се придвижат кон здравиот опсег на вредности. Во исто време, немате никаква корист од изгорениците од сонце и не се добри за вашата кожа, па затоа клучот за терапевтска примена на сонцето е соодветна „доза“.

За да ги оптимизирате вашите вредности, треба да изложите поголеми површини од вашата кожа на сонце и може ќе треба да го правите тоа подолго од неколку минути. Спротивно на популарното верување, најдобро време да бидете на сонце за создавање на витамин Д е всушност колку што е можно поблиску до соларното пладне.

Ултравиолетовата светлина од сонцето доаѓа во две главни бранови должини – УВА и УВБ. Важно е да ја разберете разликата помеѓу нив и вашите фактори на ризик од двете.

УВБ се сметаат за здрави бранови должини кои може да ѝ помогнат на вашата кожа да создава витамин Д.

УВА се сметаат за нездрави бранови должини бидејќи продираат подлабоко во вашата кожа и предизвикуваат поголема штета со слободни радикали. И не само тоа, УВА зраците се прилично постојани во текот на целиот период кога има сончева светлина, во текот на целата година, за разлика од УВБ, кои се ниски наутро и навечер, а високи напладне.

Затоа за да го искористите сонцето со цел да го максимизирате создавањето на витамин Д и да го минимизирате ризикот од малиген меланом, средината од денот (грубо помеѓу 10:00 и 14:00 часот) е најдобро и најбезбедно време. За време на тој период ви треба најмала изложеност за да се создава витамин Д бидејќи УВБ зраците се најинтензивни во тој период. Плус, кога сонцето оди надолу кон хоризонтот, УВБ се филтрираат многу повеќе отколку опасните УВА зраци.

Во однос на времетраењето на изложеноста, ви треба само доволна изложеност колку вашата кожа да стане најсветла нијанса на розова боја. Тоа може да биде само некоолку минути, доколку имате многу бледа кожа.

Кога еднаш ќе стигнете до таа точка, вашето тело нема дополнително да создава витамин Д, а секоја дополнителна изложеност само ќе ви наштети и ќе ја оштети вашата кожа. Повеќето луѓе со светол тен ќе достигнат максимално создавање на витамин Д за само 10-20 минути или пак кога вашата кожа ќе започне да станува најсветла нијанса на розова боја. На некои ќе им треба помалку, а на други повеќе време. Колку вашата кожа е потемна, толку подолго време на изложеност на сонце ќе ви биде потребно за да се оптимизира вашето создавање на витамин Д.

Што ако не можете да излезете надвор на сонце?

Можете да земете во предвид орална форма на витамин Д3 (калциферол).

Ако земате додаток на витамин Д, ве молам, запомнете да ги проверите вашите вредности на витамин Д и редовно да ги следите бидејќи е можно да се предозирате кога земате додатоци. Плус, сакате да бидете сигурни дека ги одржувате вашите вредности во терапевтскиот опсег, како што е наведено подолу.

Повеќе совети за мудро користење на сонцето

Јасно е дека сакате да избегнете преголема изложеност на сонце бидејќи тоа може да предизвика проблеми. Запомнете, повеќе не значи подобро кога се работи за изложеност на сонце, па затоа откако ќе го добиете вашето полнење со витамин Д, време е да се покриете.

Консумирањето здрава храна со природни антиоксиданси е уште една корисна стратегија за да избегнете оштетување на вашата кожа од сонцето бидејќи свежата, сирова, непреработена храна ги обезбедува потребните хранливи материи за вашето тело да одржува здрав баланс на омега 6 и омега 3 масла во вашата кожа, која е ваша прва линија на одбрана против изгореници.

Релативно непознатиот каротеноид наречен астаксантин исто така го привлече интересот на истражувачите, што се должи на неговата способност да ги намали знаците на стареење со помагање во заштита на вашата кожа од оштетување од сонцето.

Што може да се заклучи за крај?

Излезете надвор на сонце ова лето и уживајте, но правете го тоа разумно. Вашето тело е создадено за да биде на сонце, а кога тоа се прави правилно, изложеноста на сонце ќе биде еден од најдобрите начини што ќе ви помогне да го намалите вашиот ризик од рак на кожа и исто од многу други форми на рак.

Ако од која било причина не можете да добиете здрава доза на изложеност на сонце, тогаш ваша следна опција е орален витамин Д, доколку ништо друго не е достапно. Потребно е да ги мерите вашите вредности во крвта бидејќи тоа е единствениот начин да знаете дали вашата изложеност на УВБ зраци или орална доза е соодветна.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Fang, S., Sui, D., Wang, Y., Liu, H., Chiang, Y. J., Ross, M. I., Gershenwald, J. E., Cormier, J. N., Royal, R. E., Lucci, A., Wargo, J., Hu, M. I., Gardner, J. M., Reveille, J. D., Bassett, R. L., Wei, Q., Amos, C. I., & Lee, J. E. (2016). Association of Vitamin D Levels With Outcome in Patients With Melanoma After Adjustment For C-Reactive Protein. Journal of clinical oncology : official journal of the American Society of Clinical Oncology, 34(15), 1741–1747. https://doi.org/10.1200/JCO.2015.64.1357

Grant W. B. (2011). An estimate of the global reduction in mortality rates through doubling vitamin D levels. European journal of clinical nutrition, 65(9), 1016–1026. https://doi.org/10.1038/ejcn.2011.68

Godar, D. E., Landry, R. J., & Lucas, A. D. (2009). Increased UVA exposures and decreased cutaneous Vitamin D(3) levels may be responsible for the increasing incidence of melanoma. Medical hypotheses, 72(4), 434–443. https://doi.org/10.1016/j.mehy.2008.09.056

Levell, N. J., Beattie, C. C., Shuster, S., & Greenberg, D. C. (2009). Melanoma epidemic: a midsummer night’s dream?. The British journal of dermatology, 161(3), 630–634. https://doi.org/10.1111/j.1365-2133.2009.09299.x

Lindqvist, P. G., Epstein, E., Nielsen, K., Landin‐Olsson, M., Ingvar, C., Olsson, H. (2016). Avoidance of sun exposure as a risk factor for major causes of death: a competing risk analysis of the Melanoma in Southern Sweden cohort. Journal of Internal Medicine, 280, 375– 387. https://doi.org/10.1111/joim.12496

error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.