Марихуаната, или канабисот, се користи повеќе од 5 000 години и има голема историја на традиционална употреба како индустриски материјал и како ботанички лек насекаде низ Азија, Африка, Европа и Америка.
Што е марихуана за медицинска употреба?
Терминот „марихуана за медицинска употреба“ се однесува на употребата на природното растение марихуана непреработено и неговите чисти екстракти за лекување на болест или подобрување на симптом. Мора да потекнува од канабис наменет за медицинска употреба што бил соодветно одгледан без употреба на токсични пестициди и ѓубрива.
Неверојатните исцелувачки својства на марихуаната доаѓаат од високата содржина на канабидиол и критичните концентрации на медицински терпени и флавоноиди.
Преку традиционални техники на одгледување и размена на семиња, одгледувачите започнаа да произведуваат канабис растенија со повисока содржина на ЦБД (CBD) и пониска содржина на ТХЦ (THC) за медицинска употреба.
Како функционира марихуаната и во третманот на кои болести може да помогне?
Историски марихуаната се користела како ботанички лек уште од 19-тиот век. Денес нејзиното класифицирање како потенцијален лек е поддржано од многубројни истражувања што го препишуваат нејзиниот исцелувачки потенцијал на содржината на канабидол.
Канабионоидите стапуваат во реакција со вашето тело по пат на канабиноидни рецептори кои природно постојат и се вградени во клеточните мембрани насекаде во вашето тело.
Канабиноидните рецептори се присутни во вашиот мозок, бели дробови, црн дроб, бубрези и имунолошки систем. И терапевтските и психотропните својства на марихуаната се јавуваат кога канабиноид активира канабиноиден рецептор.
Сè уште во тек се истражувања за сите аспекти на кои што влијае врз вашето здравје, но до денес познато е дека канабиноидните рецептори играат важна улога во многу телесни процеси, вклучувајќи регулација на метаболизмот, глад, болка, анксиозност, раст на коски и имунолошки функции.
Д-р Ален Френкл, лиценциран интернист во Калифорнија, кој успешно лечел пациенти со марихуана за медицинска употреба нешто помалку од една деценија, лично видел тумори што виртуелно исчезнувааат кај некои пациенти кои не користеле никаква друга терапија освен што земале 40-60 mg канабиноиди дневно.
Други чести заболувања што се лекуваат со марихуана за медицинска употреба вклучуваат:
- Растројства на расположението
- Дегеративни невролошки нарушувања како дистонија
- Мултипла склероза
- Паркинсонова болест
- Посттрауматски стрес – ПТСД (Post-traumatic stress disorder – PTSD)
- Напади
ЦБД исто делува и како одличен аналгетик, и добро делува во третман на нарушувања поврзани со анксиозност. Од друга страна, при локална апликација на масло од канабис врз изгореници од сонце, докажано е дека заздравуваат преку ноќ.
Како да ја користите марихуаната за медицинска употреба?
Марихуаната за медицинска употреба може да се користи на еден од следните начини:
- Инхалација (вдишување) – Му овозможува на пациентот да ја титрира дозата. Има моментален ефект бидејќи лекот брзо навлегува во белите дробови и брзо се апсорбира преку капиларите во крвотокот. Ефектите од инхалиран канабис траат приближно четири часа.
- Пушење – Може да се изведе со користење на џоинт или форма на цигара (замотана рачно или машински), луле или бонг (цевка со вода). Се смета дека пушењето медицинска марихуана во вид на џоинт не е ефикасно бидејќи лекот оди со чадот како што гори цигарата, додека пушењето на мали количини со користење на цевка со вода е повеќе препорачливо бидејќи ладниот чад е помалку иритирачки за дишните патишта.
- Вапоризација (испарување) – Како третман со инхалатор, канабисот може да се загрее до температура што ќе го ослободи лекот во вид на пареа што ќе се вдиши од страна на пациентот.
- Сублингвална (под јазикот) или орална (во усната празнина) апликација – Може да се користат масла од канабис или тинктури, брзо навлегувајќи во крвотокот и обезбедувајќи брз ефект. Тинктурите може да се користат со капалка под јазикот или со спреј во устата со што ќе се апсорбираат во усната празнина. Тоа особено се препорачува за пациенти непушачи.
- Орална ингестија (голтање) – Непушачите исто така може да земаат марихуана за медицинска употреба преку таблети или производи од канабис во форма на чаеви или колачиња. Примарниот недостаток на овој пристап е што канабиноидите се растворливи во масти, па може да има проблеми кога се работи за апсорпција, во зависност од метаболизмот на пациентот. Добра алтернатива за тој проблем е користењето на путер од канабис со кој добро се мешаат канабиноидите растворливи во масти.
- Топикална апликација – Канабисот може да се аплицира како маст, лосион или облога за лекување на воспаленија на кожата, артритис и болка во мускулите. Не е јасно како канабиноидите се апсорбираат преку кожата, иако заслугата за тоа треба исто да се препише и на порастворливите терпеноиди и флавоноиди кои исто имаат и антивоспалителни својства.
Имајте на ум – бидете сигурни дека вашиот лек потекнува од растение канабис за медицинска употреба при што нема опасност од хемиски остатоци кои може да предизвикаат дополнителна штета.
Можни несакани ефекти од канабисот за медицинска употреба
Д-р Маргарет Геде, дипломиран доктор по медицина на Стенфорд, патолог и наградуван истражувач со специјалност за терапевтска употреба на канабис, кажува дека единственото нешто за што треба да се грижите за марихуаната за медицинска употреба е психотропното дејство на ТХЦ, или неговата способност да направи да се чувствувате „хај“ (како под дејство на психотропна супстанца). Иако во некои случаи ТХЦ може да биде исто така од корист, особено за пациенти што страдаат од тешка болка.
Но, освен тоа, канабисот генерално е безбеден за употреба. Исто така може да го избегнете овој несакан ефект со користење на формули на марихуана со поголема содржина на ЦБД и помала содржина на ТХЦ.
д-р Меркола, експерт за природно здравје |
Извори: