Што му се случува на вашето тело кога пушите цигари?

Позадина на пушењето цигари

За пушењето се кажува дека стимулира пријатни емоции и емоции на уживање, а пушачите тврдат дека го подобрува расположението, ублажува блага депресија и мали изливи на гнев, ја подобрува концентрацијата и краткотрајната меморија, и исто така може да ви пружи скромно чувство на благосостојба. Тоа е така бидејќи цигарите содржат супстанца што предизвикува зависност – никотин, што го стимулира допаминот во мозокот, кој е одговорен за „пријатни чувства“.

Сепак, колку повеќе пушите, толку повеќе вашите нервни клетки стануваат имуни на задоволството што го дава пушењето. Како резултат на тоа, пушачите имаат тенденција кон зголемување на нивниот внес на никотин за да го добијат тоа посакувано чувство од пушењето.

И покрај „задоволството“ што човек го добива од пушењето цигара, запомнете го ова – пушењето доаѓа со катастрофални последици по здравјето. 

Ако мислите дека пушењето електронски цигари е различно, не е. Истражувачите всушност наоѓаат дека еден бренд на електронска цигара содржи над 10 пати повеќе карциногени отколку обичната цигара. Формалдехид и ацеталдехид, и двата штетни токсини, исто така се наоѓаат во пареата произведена од неколку типови на електронски цигари.

Запомнете дека иако пушењето ве прави да се чувствувате добро за одреден период на време, бавно го убива вашето тело и е водечка причина за смрт што може да се превенира.

Кои се несаканите ефекти од пушењето цигари?

Пушењето му штети на вашето тело и може да предизвика трајно оштетување на вашето здравје. 

Краткотрајни ефекти

Пушачите покажуваат тенденција да имаат облека што лошо мириса, лош здив и жолти или кафени дамки на забите. Вашиот физички изглед исто така може да страда бидејќи пушењето предвремено може да доведе до појава на брчки, губење на потпорниот апарат на забите и ненадејна промена на телесната тежина. Чир на желудникот и ослабување на имунолошкиот систем се исто така несакани ефекти кои може да ги добиете од пушењето.

Според едно ново австралиско истражување, жените пушачи може да имаат полоши менструални грчеви за разлика од непушачите. Многу е веројатно тоа да се случи бидејќи количината на кислород што патува до матката се намалува кога пушите.

Долгорочни ефекти

Многу луѓе не ги чувствуваат сериозните несакани ефекти од пушењето додека не поминат неколку години. Кога еднаш ќе ги почувствувате симптомите, знаете дека штетата е веќе направена. Некои штетни несакани ефекти од пушењето цигари вклучуваат:

  • Кардиоваскуларни здравствени проблеми. Пушењето претставува голема опасност за вашето срце и крвните садови. Ја оштетува структурата на вашето срце и начинот на кој работат вашите крвни садови. Пушењето го зголемува вашиот ризик да добиете срцева болест за два до четири пати бидејќи предизвикува крвните садови во вашето срце да станат помалку еластични и да бидат потенки. Го забрзува чукањето на вашето срце, го покачува вашиот крвен притисок и предизвикува крвта да се згрутчува. Кога тромб ќе го блокира крвниот проток до вашето срце, не може да добие доволно кислород, што оштетува еден дел од мускулот на вашето срце или дури и го убива.
  • Луѓето што пушат имаат поголем ризик од атеросклероза (болест која се карактеризира со натрупување на плаки во артериите). Со тек на време предизвикува вашите артерии да станат помалку еластични и потесни што ќе го ограничи протокот на крв богата со кислород до другите делови од вашето тело. Пушењето исто така може да доведе и до коронарна срцева болест кога плаките ќе се натрупаат во коронарните артерии. Може да доведе до болка во градите, срцев удар, срцева слабост, аритмии и смрт. Друг несакан ефект од пушењето цигари е периферна артериска болест, што се јавува кога плаките се натрупуваат во крвните садови што носат крв до главата, органите и екстремитетите.
  • Зголемен ризик од мозочен удар. Пушачите имаат два до четири пати поголем ризик да добијат мозочен удар од непушачите. Тоа се случува кога тромб ја блокира крвта до вашиот мозок или кога се раскинува артерија во или околу вашиот мозок.
  • Проблеми со дишењето. Нашите бели дробови располагаат со слој на слуз од внатрешната страна, како штит од туѓите честички што ги вдишуваме, преку збришување на тие загадувачи со малите влакненца наречени трепки. Но кај пушачите трепките не функционираат нормално бидејќи тие мали влакненца работат многу побавно. Како резултат на тоа не можете да се накашлате, да кивнете или да голтнете за да ги исфрлите тие токсини надвор од вашето тело.
  • Пушењето може да предизвика или да влоши астматичен напад. Исто така може да предизвика и хронична опструктивна белодробна болест, што вклучува емфизем и хроничен бронхитис. Кај емфиземот, воздушните вреќички во вашите бели дробови на крајот ќе ја изгубат својата еластичност и состојбата ќе почне да се влошува. Хроничен бронхитис се јавува кога има отекување на облогата на вашите бели дробови и го ограничува вашето дишење.
  • Компликации во бременоста. Бремените жени кои пушат имаат поголем ризик од предвремено породување, абортус или раѓање на мртво дете. Може да имаат синдром на ненадејна смрт кај новороденче  (SIDS-Sudden Infant Death Syndrome), ектопична бременост и орофацијални расцепи кај новороденчињата. Жените исто така имаат голема тенденција да имаат послаби коски после менопауза.
  • Нарушувања во функцијата на репродуктивното здравје. Мажите што пушат може да се судрат со еректилна дисфункција, слаб квалитет на спермата и дефекти на спермата. Кај жените, пушењето може да предизвика намалена плодност.
  • Рак. Цигарите содржат преку 7 000 хемикалии, од кои некои може да предизвикаат рак. Тие вклучуваат формалдехид, бензен, полониум 210 и винил хлорид. Што е уште полошо, пушењето може да предизвика рзлични типови на рак каде било во вашето тело, не само во вашите бели дробови, како рак на крвта (акутна миелоидна леукемија), на грлото на матката, на дебелото црево и ректумот (колоректален), на хранопроводот, на бубрезите и уретрите, на ларинкс, на црн дроб, на орофаринкс, на панкреас, на желудник, на дишник, бронхии и бели дрбови.

Радиоактивните хемикалии што се наоаѓаат во ѓубривата водат до рак на белите дробови

Знаете дека вашето тело исто така и акумулира штетни радиоактивни хемикалии од цигарите? Тие штетни елементи доаѓаат од пестицидите што се користат во полињата со тутун.

Иако е точно дека пушењето цигари може да предизвика рак, постои поспецифична супстанца која е главната причина за рак кај пушачите. Во полињата со тутун обично се користат калциум фосфатни ѓубрива што содржат полониум 210. Кога полониум 210 се распаѓа, ослободува алфа честички што може да ги оштетат клетките на човекот со кои доаѓаат во контакт.

Едно истражување сугерира дека главното оштетување на белите дробови потекнува од зрачењето што го емитуваат тие ѓубрива. Исто така покажува дека полониумот конкретно предизвикува рак кај лабораториски животни.

Понатаму, според едно истражување од 2009-тата година, зрачењето што го добивате од пушењето на 1 ½ кутија цигари е еднакво на 300 рентген снимки на градите годишно.

Во извештајот од 2011-тата година од истражувањето за никотинот и тутунот исто така се открива дека постојат интерни документи во кои се наведува дека тутунската индустрија ја препознава опасноста што ја носат тие радиоактивни хемикалии. Според тие документи, миењето со киселина е ефикасно решение за отстранување на полониум 210 од листовите на тутунот, но индустријата избегнува да го користи бидејќи го намалува ефектот на задоволство од никотинот кај пушачите.

Тутунската индустрија сигурно нема да биде мотиватор број еден за да ве спречи да не пушите, дури и ако знае дека тоа може да ве води кон вашата смрт. Сега е ваша одлука да ја отфрлите вашата навика на пушење еднаш засекогаш и да изберете здрав начин на живот што може да ви го продолжи животот.

Што се случува кога пушач ќе престане да пуши

Процесот на откажување бара одлучност и трпение бидејќи ќе влијае врз вас и физички и ментално, па затоа бидете подготвени за периодот на повлекување. Но, не помалку важно, ќе имате огромна корист на многу начини, дури и само по неколку минути откако ќе се откажете од пушењето.

Совети како да се откажете од пушењето

Луѓето кои се зависници од пушење цигари долго време сè уште имаат надеж дека ќе свртат нова страница во нивниот живот. Ви препорачувам да ги практикувате овие превентивни техники што ќе ви помогнат да се откажете од пушењето:

  • Изберете ден за откажување. Изберете ден што не е стресен за вас за да можете да се подготвите. Може да биде вашиот роденден, некој јубилеј или дури и првиот ден од месецот.
  • Не се откажувајте сами. Ако му кажете на некој за вашата одлука да се откажете, може да ви даде огромна поддршка кога ќе се чувствувате сами во вашата битка да се откажете.
  • Бидете паметни. Водењето дневник може да ви помогне да ги следите ситуациите што ви помагаат или ви одмагаат во вашите обиди да се откажете од пушењето, па така ќе можете да утврдите како да се справите со нив без да посегнете по цигара.
  • Идентификувајте ги вашите тригер фактори. Направете листа на сите нешта што сте ги правеле што вклучуваат пушење. Пред вашиот ден за откажување, подгответе се себе како да се справите со тие нешта.
  • Променете што, каде, кога и како пушите. Менувањето на навиките – времето и местото каде вообичаено пушите – може да ви помогне во вашиот обид да се откажете.
  • Пролетно чистење. Исперете и исфрлете сè што ве потсетува на пушење.
  • Побарајте поддршка. Добро е ако можете да добиете помош од група на поранешни пушачи или клиника што им помага на тие кои сакаат да се откажат од пушењето.
  • После денот за откажување. Треба да го прилагодите вашето однесување за да идентификувате што ве предизвикува да пушите.
  • Ако сакате да го направите, направете го! Посветеноста е клучот за да се биде успешен во вашиот обид за откажување. Сигурно ќе биде тешко, но вреди.

Откажувањето од пушењето може да биде тешко, но ви советувам да го направите колку што можете порано, сега. Навистина верувам дека вашиот здрав начин на живот што не вклучува пушење не само што е корисен за вас, туку е исто така корисен и за вашето семејство.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Benowitz, N. L. (2010). Nicotine addiction. The New England journal of medicine, 362(24), 2295–2303. https://doi.org/10.1056/NEJMra0809890

Ju, H., Jones, M., & Mishra, G. D. (2016). Smoking and trajectories of dysmenorrhoea among young Australian women. Tobacco Control, 25, 195-202.

Karagueuzian, H. S., White, C., Sayre, J., & Norman, A. (2011). Cigarette Smoke Radioactivity and Lung Cancer Risk. Nicotine & Tobacco Research, 14(1):79–90. https://doi.org/10.1093/ntr/ntr145

Muggli, M. E., Ebbert, J. O., Robertson, C., & Hurt, R. D. (2008). Waking a sleeping giant: the tobacco industry’s response to the polonium-210 issue. American journal of public health, 98(9), 1643–1650. https://doi.org/10.2105/AJPH.2007.130963

Papastefanou, C. (2009). Radioactivity of tobacco leaves and radiation dose induced from smoking. International journal of environmental research and public health, 6(2), 558–567. https://doi.org/10.3390/ijerph6020558

The Practice Committee of the American Society for Reproductive Medicine. (2004). Smoking and infertility. Fertility and Sterility, 81(4):1181–6. https://doi.org/10.1016/j.fertnstert.2003.11.024

U.S. Department of Health and Human Services. (2010). A Report of the Surgeon General: How Tobacco Smoke Causes Disease: What It Means to You. U.S. Department of Health and Human Services, Centers for Disease Control and Prevention, National Center for Chronic Disease Prevention and Health Promotion, Office on Smoking and Health.

error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.