Легендарните лимони

Ботаничко име: Citrus limon

Лимоните се смета дека потекнуваат од подножјето на Хималаите, настанати со природно вкрстување на зелен лимон и цитрон. Нивното одгледување потоа се проширило низ Средниот Исток, Европа и Африка.

Здравствени придобивки од лимоните

Најверојатно не е изненадување дека лимоните обезбедуваат доста витамин Ц, но вредноста по порција е прилично импресивна со 187 % од дневната вредност, правејќи ги одлични борци против инфекции. Заедно со флавоноидните гликозиди наречени хеспертин и нарингенин (што се наоѓаат во повеќето агруми), таа комбинација обезбедува радикална активност против слободните радикали. Слободните радикали може сериозно да ги оштетат крвните садови и да придонесат за натрупување на холестерол во ѕидовите на артериите, атеросклероза и дури и срцеви заболувања.

Лимоните се добар извор на тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, железо и магнезиум, а се и одличен извор на влакна, витамин Б6, калциум, калиум и бакар, како и фолна киселина.

Ако некогаш сте се запрашале за разликата помеѓу сировите лимони и флашираниот сок од лимон, витаминот Ц се намалува од 139 % на 100 % од дневната вредност по порција, а калциумот од 7 % се намалува на 3 %. Покрај тоа, флашираниот сокот од лимон и другите преработени овошни сокови не се така здрави како што изгледаат; содржат многу големи количини на фруктоза и потенцијално опасни адитиви.

Лимонската киселина во лимоните помага во дигестија на храната и во растворање на камења во бубрезите, додека аскорбинската киселина е природен антиоксиданс што го превенира стравот на секој морнар – скорбут. Другите оксиданси во лимоните вклучуваат бета-каротин, бета-криптоксантин, зеаксантин, лутеин и витамин А, кои промовираат здрава слузокожа, кожа и вид. Пантотенската киселина и фолатите што ги обезбедуваат лимоните се соединенија што му се потребни на телото, но што може да се добијат само од надворешни извори.

Лимоните и зелените лимони се исто така одлични и за правење на цедени сокови! Немаат речиси ниеден лош шеќер – фруктоза – што го предизвикува најголемиот дел од компликациите на метаболизмот. Покрај тоа, одлични се во отстранување на повремениот горчлив вкус на некои темно зелени листести зеленчуци кои обезбедуваат најголем дел од придобивките на цедените сокови.

Истражувања за лимоните

И покрај тоа што темата изгледа малку контроверзна, голем број на клинички испитувања покажуваат дека лимоните може да имаат својства што превенираат болести. Тестовите, и лабораториски и на пациенти, покажуваат дека лимоните се потенцијално корисен третман на рак, вклучувајќи рак на дојка кај пациенти кои примаат хемотерапија.

Во едно испитување во Саудиска Арабија, лимон во форма на екстракт исто така дал големи ветувања во третман на пациенти со рак на дојка.

Интересни факти за лимоните

Еден од најефикасните лекови за настинка е направен од лимон. Започнете со 500 ml сиров мед ставен на многу ниска температура. Исецкајте еден лимон во малку вода во посебна тава, загревајќи го две до три минути. Додадете го тоа на медот, загревајќи околу еден час, потоа отстранете ги парчињата лимон и семките. Изладете ја смесата, ставете ја во тегла, добро затворете го капакот и можете да ја чувате во фрижидер до два месеци.

Заклучок

Заштита на клеточната ДНК, регулација на имунолошкиот систем и намалување на воспаление се само неколку од многуте хранливи придобивки што ги нудат лимоните.

Но тоа што го немаат многу – калории, може да е уште една причина зошто се толку популарни. Ова весело жолто овошје со древна историја е почитувано, можеби дури и еднакво, како за неговите здравствени придобивки, така и како храна. Кој не сака лиомонада и бистриот свеж вкус што го додаваат лимоните на многу јадења?

Што се однесува до витамините и минералите, лимоните доаѓаат со витамин Ц за борба против инфекции, како и тиамин, рибофлавин, пантотенска киселина, железо и магнезиум, влакна, многу Б витамини, калциум, калиум, бакар и фолна киселина. Јухууу! Само помислете – антиоксидансите и флавоноидите што ги добивате од лимоните што ги јадете денес веројатно потекнуваат од дрвјата лимони засадени пред повеќе од 500 години од другиот крај на светот!

Извори:

Alshatwi, A. A., Shafi, G., Hasan, T. N., Al-Hazzani, A. A., Alsaif, M. A., Alfawaz, M. A., Lei, K. Y., & Munshi, A. (2011). Apoptosis-mediated inhibition of human breast cancer cell proliferation by lemon citrus extract. Asian Pacific journal of cancer prevention : APJCP, 12(6), 1555–1559.

Somasundaram, S., Price, J., Pearce, K., Shuck, R., Jayaprakasha, G. K., & Patil, B. (2012). Citrus limonin lacks the antichemotherapeutic effect in human models of breast cancer. Journal of nutrigenetics and nutrigenomics, 5(2), 106–114. https://doi.org/10.1159/000336921