Големо истражување: Разоткриен митот за ракот и кремите за сончање
Според една статија објавена во „Индепендент“, Обединето Кралство („Independent“, UK), во јуни 2014-тата година, големо истражување спроведено од страна на Институтот Каролинска (Karolinska Institutet) во Шведска наоѓа дека жените кои избегнувале сончање во текот на летото имаат два пати поголема веројатност да умрат од тие кои се сончале секој ден.
Епидемиолошкото истражување следело 30 000 жени на возраст од над 20 години и „покажува дека смртноста е двојно поголема кај жените кои избегнувале изложеност на сонце споредено со групата на највисока изложеност.“
Истражувачите заклучиле дека конвенционалната догма која што советува избегнување на сонцето по секоја цена и премачкување со креми за сончање е многу поштетна отколку корисна.
Тоа е така затоа што целокупното избегнување на сонцето во комбинација со користење на кремите за сончање ефикасно ја блокира способноста на телото да создава витамин Д3 од сончевите УВБ зраци, што е далеку најдобрата форма на витамин Д.
Во САД недостатокот на витамин Д е на ниво на епидемија. Иронично, недостаткот на витамин Д може да доведе до агресивни форми на рак на кожа. Едно истражување објавено во 2011-тата година во „Истражување за превенција на рак“ („Cancer Prevention Research“) укажува дека оптималното ниво на витамин Д во крвта нуди заштита од изгореници од сонце и рак на кожа.
Покрај тоа, витамин Д го заштитува телото од болести како мултипла склероза, рахитис (кај деца), туберкулоза, вопалителна болест на цревата, дијабетес тип 1, ревматоиден артритис, системски лупус еритоматозус и Сјогрен-ов синдром.
Според Советот за витамин Д (Vitamin D Council), истражувачите на „Универзитетот на Алабама“ во Бирмингем неодамна објавија дека „недостатокот на изложеност на сонце со тек на време може да доведе до когнитивен пад.“
Дисидент дерматолог
Д-р Бернард Акерман беше еден од најистакнатите светски авторитети во областа на рак на кожа и сонце, креми за сончање и ризик од меланом.
Подолу се наведени ставовите на Акерман извадени од статијата во „Њуjорк Тајмс“ („New York Times“), 20-ти јули 2004-тата година, со наслов: „Молам да се разликувам; Дерматолог кој не се плаши да седи на плажа“:
Врската помеѓу меланом и изложеност на сонце (дерматолошката догма) не е докажана. Нема докази дека изгорениците од сонце водат до рак. Нема вистински доказ дека кремите за сончање штитат од меланом. Нема доказ дека зголемената изложеност на сонце го зголемува ризикот од меланом.
Шведско истражување од 2000-тата година заклучува дека повисоки стапки на застапеност на меланом се јавуваат кај тие кои користеле креми за сончање наспроти тие кои не користеле.
Креми за сончање – био-опасности кои предизикуваат рак
Д-р Елизабет Плурд е научник од Калифорнија и е автор на книгата „Креми за сончање – Био-опасност: Третирајте ги како опасен отпад“ („Sunscreens – Biohazard: Treat as Hazardous Waste“), која што во голема мера ја документира опасноста по живот од кремите за сончање, не само за луѓето туку исто така и за животната средина.
Д-р Плурд обезбедува доказ дека малигниот меланом и другите типови на рак на кожа значително се зголемиле со сеприсутната употреба на креми за сончање во период од 30 години.
Таа нагласува дека многу креми за сончање содржат хемикалии кои се познати канцерогени и хемикалии кои ја нарушуваат ендокрината функција – ЕДЦ (endocrine-disrupting chemicals – EDC).
Еколошки, таа забележува: „Во областите каде има голема изложеност на ЕДЦ, коралите и други морски популации се изумрени, а преваленцата на двополови риби е зголемена.“
Истражувањето на д-р Плурд на глувци изложени на креми за сончање исто така покажува и зголемена смртност кај младите и мајките, како и репродуктивни проблеми во следните генерации.
Покрај тоа, книгата документира како хемикалиите од кремите за сончање ги загадуваат нашите извори на вода вклучувајќи ги океаните, реките и општинската вода за пиење. Што е уште полошо, тестирањето открива дека 97 % од Американците имаат хемикалии од кремите за сончање во нивната крв!
Книгата на д-р Плурд исто така има и поглавје за важноста на витаминот Д3 за здравјето и таа вели дека широко присутниот недостаток на витамин Д3 е поврзан со прекумерната употреба на креми за сончање во комбинација со општо избегнување на сонцето.
Пол Фаса |