Ослободете се од вашите стресови

Додека ѝ предаваше на публиката за справување со стресот, психологот чекореше низ просторијата. Кога ја подигна чашата со вода, сите очекуваа дека ќе биде поставено прашањето: „Дали чашата со вода е полупразна или полуполна?“ Наместо тоа, со насмевка на лицето таа праша: „Колку е тешка чашата вода?“

Одговорите се движеа во опсег од 250 до 500 ml.

Таа одговори: „Апсолутната тежина не е важна. Зависи колку долго ќе ја држите. Ако ја држам една минута, не е проблем. Ако ја држам еден час, ќе имам болка во раката. Ако ја држам еден ден, раката ќе ми се вкочани и парализира. Во секој случај, тежината на чашата не се менува, но колку подолго ја држам, толку потешко станува.“

Важно е да запомнете да се ослободите од вашите стресови. Колку порано можете во текот на вечерта, симнете ги од вас сите ваши товари. Не ги носете во текот на вечерта, а потоа и во текот на ноќта. Запомнете да ја спуштите чашата!

Автор: непознат