Многуте придобивки од медитацијата

Постојано има нови докази дека медитацијата може да ве направи поздрави и посреќни. На пример, когнитивната терапија базирана на свесност (MBCT – mindfulness-based cognitive therapy) некогаш се користи во лекување на депресија, а технологии за приказ на мозочната активност укажуваат дека медитацијата всушност го менува вашиот мозок на голем број корисни начини.

Скеновите со магнетна резонанца (MRI) покажуваат дека долгорочна медитација може да ја промени структурата на вашиот церебрален кортекс, надворешниот слој на вашиот мозок. Покрај тоа, мозочните региони поврзани со внимание и сензорна обработка се покажува дека се подебели кај тие што медитираат.

Претходни истражувања ја поврзуваат медитацијата со придобивки како подобрување на вниманието, меморијата, брзината на обработка, креативноста и многу повеќе.
Поново истражување исто укажува дека медитацијата помага во борбата со загубата на волуменот на мозокот поврзана со возраста.

Накратко, на медитацијата може да се гледа како на тип на мозочна вежба што го зајакнува мозокот и го одржува „помлад“ подолго време. Други истражувања откриваат дека придобивките од медитацијата не се ограничени само на мозокот, таа исто има и антивоспалителни ефекти и влијае на генската експресија – сè тоа може да го зголеми целокупното физичко здравје и долговечност.

Долгорочна медитација се поврзува со намалена загуба на волумен на мозокот

Едно од најновите истражувања во оваа област испитуваше 50 луѓе кои долгорочно медитирале и 50 контролни субјекти на возраст од 24 до 77 години.
Помеѓу контролните субјекти, зголемувањето на возраста е во корелација со загубата на волумен на мозокот, како што е и очекувано.

Тие што медитираат, сепак, помалку страдаат од атрофија на мозокот поврзана со возраста. Објавено од ГМА вести (GMA News):

„Луѓето што медитирале просечно 20 години имаат поголем волумен на мозокот отколку просечен човек…

Авторот на истражувањето изјави за Ројтерс Хелт (Reuters Health) дека тимот на истражувачи очекувал да види повеќе сива маса во одредени региони на мозокот кај луѓето што долгорочно медитирале. „Но гледаме дека тој ефект е навистина широко распространет низ мозокот.“ – вели д-р Флориан Курт…

Мозокот на луѓето што медитираат се чини дека е подобро зачуван отколку кај просечни луѓе на иста возраст. Покрај тоа, истражувачите беа изненадени што најдоа помала загуба на сива маса поврзана со возраста помеѓу мозоците на луѓето што медитираат.“

Како медитацијата ја зголемува продуктивноста?

Експертот за медитација Емили Флечер зборува за сличностите помеѓу медитацијата и кофеинот. И двата имаат ефект на давање на енергија и зголемување на продуктивноста, но медитацијата го постигнува тоа без несаканите ефекти поврзани со кофеинот.

Како што објаснува Флечер, кофеинот е хемиски сличен на аденозинот што се произведува во вашиот мозок во текот на денот. Аденозинот ве прави поспани, а кофеинот ефикасно ги блокира рецепторите за аденозин во вашиот мозок, со што не му дозволува на вашиот мозок да увиди колку е изморен.

Иако тоа може да не биде штетно само по себе во краток временски период, кофеинот исто стимулира повеќе нервна активност во вашиот мозок, што ги поттикнува вашите надбубрежни жлезди да ослободуваат адреналин, хемиски поврзан со стрес.

На крајот (без разлика дали пиете многу кафе или не), останувањето во хронична фаза на „борба или бегство“ што ја создава адреналинот, може да води до голем број на заболувања поврзани со стрес.

Од друга страна, медитацијата ви дава енергија и ве прави попродуктивни без поттикнување на адреналинскиот механизам. Според Флечер, медитацијата му обезбедува одмор на вашето тело што е два до пет пати подлабок отколку спиењето.

Медитирање 20 минути е еднакво на дремка од 1,5 час, но потоа нема да го имате мамурлакот после спиење. Наместо тоа, ќе се чувствувате будни и свежи и, како што таа вели, „посвесни“.

Медитацијата го девозбудува вашиот нервен систем наместо да го возбудува уште повеќе. Тоа го прави поуреден, со што му олеснува на вашиот систем да го ослободи насобраниот стрес. Исто ве прави и попродуктивни.

Таа забележува дека многу луѓе сега почнуваат да ја препознаваат медитацијата како моќна алатка за продуктивност. Спротивно на популарното верување, одвојувањето време за да медитирате може всушност да ви помогне да добиете повеќе време преку зголемување на продуктивноста, отколку што вложувате.

Во едно интервју Флечер изјавува:

„Луѓето велат: „Би сакал да медитирам, знам дека ми треба, но сега сум толку многу зафатен, мојот живот е едноставно премногу луд за да медититрам.“ А тоа што не разбираат е дека кога еднаш ќе почнете да практикувате, добивате повеќе време. Тоа е чудниот парадокс што се случува.

И покрај тоа што правите значаен временски придонес во вашиот ден за да медитирате бидејќи за возврат тоа ја прави функцијата на вашиот мозок многу подобра, завршувате со повеќе време во вашиот ден, а вашиот сон станува поефикасен бидејќи го користите вашето спиење како време за спиење затоа што ја користите медитацијата како време за ослободување од стресот.“

Придобивки од медитацијата над здравјето на мозокот

Стресот е добро познат виновник кој може да промовира лошо здравје, а можноста на медитацијата да го смири стресот е важна здравствена придобивка. Истражувачи на Универзитетот „Карнеги Мелон“ скоро објавија истражување тврдејќи дека го пронашле биолошкиот механизам преку кој свеста влијае на физичкото здравје.

Накратко, медитацијата влијае врз вашата биологија и физичко здравје преку „патишта за намалување на стресот“ во вашиот мозок. Како што е објаснето во изјавата за медиумите:

„Кога поединецот доживува стрес, активноста во префронталниот кортекс – одговорен за свесно мислење и планирање – се намалува, додека активноста во амигдалата, хипоталамусот и предниот појасен кортекс – региони што брзо го активираат одговорот на телото на стрес – се зголемува.

Истражувањата сугерираат дека свеста ги менува тие модели за време на стрес, ја зголемува префронталната активност, што може да го регулира и исклучи биолошкиот одговор на стрес.

Прекумерна активација на биолошкиот одговор на стрес го зголемува ризикот од болести поврзани со стрес (како депресија и срцеви заболувања).

Со намалување на искуствата на стрес на поединецот, свеста може да помогне во регулација на физичкиот одговор на стрес и на крајот да го намали ризикот и тежината на болестите поврзани со стрес.“

Таквите ефекти може да објаснат зошто медитацијата може да помогне да се намалат болестите поврзани со стрес, како:

  • Висок крвен притисок
  • Нарушувања на спиењето и замор
  • Хронична болка
  • Гастроинтестинални нарушувања и синдром на иритабилен колон (синдром на нервозно дебело црево)
  • Главоболки
  • Кожни заболувања
  • Блага депресија и предменструален синдром (ПМС)

Други истражувања, како тоа во Бенсон-Хенри Институтот за медицина на умот и телото (Benson-Henry Institute for Mind Body Medicine), се обиделе да ги измерат придобивките од одговорот на релаксација со проценка на генската експресија пред и по медитација, и ги споредиле ефектите од краткорочно и долгорочно медитирање.

Помеѓу останатото, откриле дека медитацијата има антиинфламаторни ефекти. Во едно истражување, кај учесниците во 8-неделна програма за медитација, како и кај луѓе кои долгорочно медитираат, забележано било зголемување на производството на антиоксиданси, активноста на теломерите и оксидативниот стрес.

Истражувачите забележале дека придобивките се поврзани со дозата, со тоа што промени се јавуваат дури и по само една сеанса.

Флечер зборува за разни придобивки од медитацијата.

Покрај подобрување на вашата концентрација и зголемување на вашата когнитивна способност, медитацијата го намалува нивото на воспаление предизвикано од стрес, што може да им помогне на луѓето кои страдаат од хронични воспалителни состојби како ревматоиден артритис, воспалителна болест на цревата и астма. Исто помага и во намалување на чувството на анксиозност и стрес.

Медитацијата го зајакнува вашиот corpus callosum, мостот помеѓу двете мозочни хемисфери.

Вашата лева мозочна половина е одговорна за минатото и иднината, јазици, математика и критично размислување, додека вашата десна мозочна половина е одговорна за „овој момент“, интуиција, инспирација, поврзување, креативност и решавање на проблеми.

Со зајакнување на врската помеѓу вашата десна и лева мозочна хемисфера, добивате пристап до покреативно решавање на проблемите и зголемена продуктивност без додавање стрес. Едноставна техника на медитација која вклучува дишење и водена визуелизација може да ви помогне да ги балансирате двете хемисфери на вашиот мозок.

Моето искуство со медитација

Повторно и повторно неуспешно пробував да медитирам 25 години. Се сомневам дека многу од вас имале слични искуства. Најголемиот предизвик е да знаете да медитирате правилно. На почетокот потребна ви е помош да научите како да медитирате правилно, но кога еднаш ќе научите, треба сами да медитирате.

Можете да започнете полека со медитирање за време од три минути, еднаш или два пати дневно. Ако сте мотивирани можете да медитирате и по 20 минути.

Сега ако се разбудам рано и не можам повторно да заспијам, медитирам до еден час бидејќи медитацијата исто обезбедува многу од придобивките од спиењето. Ако не можете да заспиете повторно, тоа е одлична опција.

Исто така сметам дека мое најдобро време за медитација е наутро, веднаш откако ќе се разбудам бидејќи тогаш можам да влезам во најдлабока состојба на релаксација. Примената на техника за дишење исто помага да се смири умот и да се влезе во длабока состојба на релаксација.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Bhasin, M. K., Dusek, J. A., Chang, B. H., Joseph, M. G., Denninger, J. W., Fricchione, G. L., Benson, H., & Libermann, T. A. (2013). Relaxation response induces temporal transcriptome changes in energy metabolism, insulin secretion and inflammatory pathways. PloS one, 8(5), e62817. https://doi.org/10.1371/journal.pone.0062817

Carnegie Mellon University. (2015). Carnegie Mellon Researchers reveal how mindfullness training affects health. EurekAlert!.

Cohen, R. (2015). Long-term meditation tied to less brain loss. GMA News.

Cohen, R. (2015). Long-term meditation tied to less brain loss. Reuters.

Dusek, J. A., Otu, H. H., Wohlhueter, A. L., Bhasin, M., Zerbini, L. F., Joseph, M. G., Benson, H., & Libermann, T. A. (2008). Genomic counter-stress changes induced by the relaxation response. PloS one, 3(7), e2576. https://doi.org/10.1371/journal.pone.0002576

Luders, E., Cherbuin, N., & Kurth, F. (2015). Forever Young(er): potential age-defying effects of long-term meditation on gray matter atrophy. Front. Psychol. 5:1551. doi: 10.3389/fpsyg.2014.015512015

Rockwood, L., & Fletcher, E. (n. d.). Meditation. yogabody.com

Rosenkranz, M. A., Davidson, R. J., Maccoon, D. G., Sheridan, J. F., Kalin, N. H., & Lutz, A. (2013). A comparison of mindfulness-based stress reduction and an active control in modulation of neurogenic inflammation. Brain, behavior, and immunity, 27(1), 174–184. https://doi.org/10.1016/j.bbi.2012.10.013

Шри Чинмој Центар за медитација

„Сите ние сме членови на семејство-свет-единството. Заедно како браќа и сестри чекориме по вечниот пат кон утрешното златно зајдисонце.” – Шри Чинмој

Шри Чинмој е ретко отелотворување на древна дисциплина, мудрост и идеали. Човек со неугаслива жед за олеснување на страдањето и за потполно исполнување на човечкиот род. Како неуморен иноватор, Шри Чинмој помина 50 години творејќи моќни фонтани на инспирација и охрабрување со неговите животни постигнувања од внатрешната дисциплина и посветеноста на Севишниот.

Лично уверен, охрабрен и мотивиран од некои од најголемите лидери и визионери на 20-тиот век, Шри Чинмој беше во можност да ги канализира возвишените енергии откриени однатре во солидни и практични алатки за подобрување на животите на неговите браќа и сестри.

Од неговото возвишено единство со човештвото, Шри Чинмој создаде посебен пат кон лична и заедничка радост и благосостојба што понизно и безусловно ја има понудено на стотици начини во период од повеќе од четири децении, на многу разновидни и импресивни полиња.

„Мојата крајна цел е моќта на љубовта да ја замени љубовта за моќ во секоја личност. Дури тогаш светскиот мир ќе биде постигнат, откриен, понуден и манифестиран на земјата.“ – Шри Чинмој

Курсеви по медитација

Периодично, по секое предавање за медитација, Шри Чинмој Центар – Скопје организира едномесечни курсеви по медитација, со два пати неделно посетување на центарот за медитација. На часовите се учат техники и разни видови на вежби за медитација под водство на предавачот кој најчесто е повеќегодишен ученик на Шри Чинмој.

  • Kaкo сe мeдитирa?

Сo пoмoш нa нeкoлку eднoстaвни тeхники зaпoчнувaмe дa ja oткривaмe нaшaтa внaтрeшнa рaмнoтeжa.

  • Koлку дoлгo трae?

Нa пoчeтoкoт сaмo нeкoлку минути днeвнa прaктикa пoкaжувa пoзитивни резултaти.

  • Дaли сeкoj мoжe дa мeдитирa?

Дa! Ви трeбa сaмo мaлку труд и време.

Курсевите по медитација ви нудaт стрaтeгиja зa спокоен, a сeпaк динамичен живoтeн стил. Со сeкojднeвнo прaктикувaњe нa мeдитaциja, oткривaмe дeкa бeскрajниoт пoтeнциjaл нa чoвeкoвиoт дух пoстeпeнo сe рeaлизирa. Сите часови по медитацијa се бесплатни.

Повеќе информации можете да најдете на meditacija.mk