Што му се случува на вашето тело кога пиете премногу алкохол?

Некои луѓе веруваат дека повремено пиење на чаша црвено вино може да биде корисно за нивното здравје. Без оглед на основаноста на овој став, премногу црвено вино е рецепт за катастрофа.

Алкохолот може да ја оштети способноста за донесување на одлуки и моторните вештини. Често е фактор во сообраќајни несреќи, насилно однесување, непланирана бременост и сексуално преносливи болести. Прекумерна консумација на алкохол може да доведе до смртна опасност и алкохолно труење, што негативно влијае врз вашето здравје и може да ве чини дури и живот, доколку не го решите соодветно ова прашање.

Што е алкохолно труење?

Алкохолното труење го оштетува телото и на крај може да ги исклучи деловите на мозокот што ги контролираат основните животни функции како дишење, пулс и контрола на телесната температура.

Симптоми на алкохолно труење

Алкохолното труење доаѓа со многу сериозни здравствени казни, заради што е многу важно да бидете добро информирани на кои симптоми треба да внимавате. Во продолжение следат некои од најчестите знаци на алкохолно труење:

губење на координација, ладно тело, лепливи раце, сина кожа поради хипотермија, повеќекратно повраќање и/или неконтролирано, неправилно или бавно дишење (помалку од осум вдишувања во минута или повеќе од 10 секунди помеѓу вдишувањата), напади, конфузија, губење на свест, ступор (или свесен, но не реагира) и понекогаш кома.

Ризик фактори за алкохолно труење

Општо, жените се поранливи на алкохолно труење. Ги чувствуваат ефектите од алкохолот побрзо од мажите со иста големина. За жал, исто се и повеќе предиспонирани да страдаат од долгорочни оштетувања на телото предизвикнаи од алкохол. Тоа се должи на неколку психолошки причини како:

  • Слаба способност да го разредуваат алкохолот бидејќи имаат помал процент на вода во телото. Просечната жена има само 52 %, додека просечниот маж има 61 %.
  • Слаба способност да го метаболизираат алкохолот бидејќи имаат помалку дехидрогеназа (ензим во црниот дроб чија цел е да го разградува алкохолот во телото) во однос на мажите.
  • Хормони. Предменструалните хормонални промени имаат тенденција да направат жените побрзо да се опијат во текот на неколкуте денови пред нивната менструација. Контрацептивните таблети и други лекови што содржат естроген, од друга страна, го намалуваат излачувањето на алокохолот од телото.

Колку вода пиете, колку често пиете, вашата возраст и вашата семејна историја се исто така потенцијални ризик фактори.

Содржина на алкохол во крвта – Колку е премногу?

Содржината на алкохол во крвта (BAC – Blood alcohol content), или концентрацијата на алкохол во крвта, се однесува на количината на алкохол во вашиот крвоток. Се изразува како тежина на етанол измерена во mg на 100 ml крв или 210 L здив. BAC може да биде измерена преку тест на здив, тест на крв или тест на урина.

На пример, BAC 0,10 значи дека 0,10 % (една десеттина од еден процент) од вашата крв во волумен е алкохол.

Колку алкохол има во вашиот пијалок?

Умерено пиење е не повеќе од еден пијалок дневно за жени и не повеќе од два пијалоци дневно за мажи.

Во основа, еден стандарден пијалок содржи 18 ml чист алкохол, што обично се наоѓаат во:

  • 355 ml пиво (5-процентен алкохол)
  • 235 ml алкохол со малтекс (7-процентен алокохол)
  • 150 ml вино (12-процентен алкохол)
  • 45 ml алкохол како џин, рум, вотка и виски (40-процентен алокохол)

Различни брендови и типови на алокохолни пијалоци доаѓаат со различна содржина на алкохол.

Можни компликации

Доколку не се лекува, лице со алкохолно труење може:

  • Да се задави од сопствената повраќаница
  • Да биде сериозно дехидрирано, што може да предизвика напади, трајно оштетување на мозокот и дури и смрт
  • Да има бавно и неправилно дишење, што на крајот може и целосно да сопре
  • Да има нерегуларно биење на срцето, што на крајот може и целосно да сопре
  • Да има хипотермија
  • Да има хипогликемија (многу ниска концентрација на шеќер во крвта), што може да доведе до напади

Долгорочни ефекти од алкохолот кај жените

Бидејќи телото на жените има помала толеранција за алкохол во споредба со мажите, поподложно е на штетните последици од алкохолното труење.

Бројни истражувања ги поврзуваат тие здравствени последици со прекумерното пиење кај жените, кои вклучуваат:

  • Нарушен менструален циклус
  • Зголемен ризик од неплодност, абортус, раѓање на мртво дете и предвремено породување
  • Зголемен ризик од цироза и други болести на црниот дроб поврзани со алкохол, во споредба со мажите
  • Губење на меморијата и намалување на мозокот
  • Зголемен ризик од орален карцином, рак на грло, хранопровод, црн дроб, дебело црево и дојка

Алкохолот е исто така и чест ризик фактор во многу случаи на сексуален напад ,особено помеѓу помладите девојки.

Што да правите, а што да не правите со лице сомнително на алкохолно труење

Алкохолното труење е сериозна и опасна по живот состојба. Тоа не е нешто што треба се игнорира, верувајќи дека ќе помине и ќе си отиде следниот ден. Ако верувате дека некој кој го знаете можеби страда од алкохолно труење, еве неколку чекори што може да ги направите и да избегнете да ги утешувате додека чекате помош.

Направете:

  • Осигурете се да останат свесни
  • Чувајте ги хидрирани, давајќи им вода
  • Чувајте ги топли
  • Останете со нив и никогаш не ги оставајте сами
  • Следете ги симптомите
  • Обезбедете да лежат на страна за да не се задават од нивната сопствена повраќаница

Не правете:

  • Не им кажувајте да преспијат. Содржината на алкохол во крвта може да продолжи да се зголемува дури и кога не пијат.
  • Не им давајте кафе. Тоа дополнително ќе ја дехидрира личноста.
  • Не им кажувајте да се прошетаат. Тоа може да само да предивика паѓање и сопнување, што може да резултира со сериозни повреди, со оглед на неспособната состојба на мозокот.
  • Не им кажувајте да се истушираат со ладна вода. Алкохолот ја намалува телесната температура, а правејќи ги да се чувствуваат уште поладно отколку што веќе чувствуваат дека им е ладно може да доведе до хипотермија.

На крај, не чекајте да се појават сите симптоми на алкохолно труење и не двоумете се веднаш да повикате итна помош. Запомнете, вредноста на BAC може брзо да се зголеми, а времето е од суштинско значење во оваа ситуација. Една минута доцнење може да значи непоправлива штета и дури и смрт.

Како да се превенира алкохолно труење

Не треба да сте научник за да знаете како може превентивно да дејствувате за себе и за вашите пријатели за да не страдате од алкохолно труење. Верувам дека првиот чекор, а веројатно и најважниот, што може да го превземете е да вежбате самоконтрола.

Сепак, ако навистина мора да испиете неколку пијалоци, лично ви препорачувам да го следите овој природен протокол претходно за да направите претоксификација на вашето тело:

Н-ацетил цистеин (NAC – N-acetyl cysteine) – Земете барем 200 ml NAC 30 минути пред да пиете што ќе помогне да се намалат токсичните ефекти на алкохолот. NAC го зголемува глутатионот и ја намалува токсичноста на ацеталдехидот кој предизвикува многу симптоми на мамурлак.

Б витамини – Алкохолот ги користи есенцијалните Б витамини, што помага да се елиминира од телото. NAC се смета дека функционира дури и подобро во комбинација со тиамин, или витамин Б1.

Млечен трн – Млечниот трн содржи силмарин и силибин, антиоксиданси за кои е познато дека помагаат во заштита на црниот дроб од токсини, вклучувајќи ги и ефектите од алкохолот. Не само што е најдено дека силимаринот го зголемува глутатионот, туку исто така може и да помогне да се регенерираат клетките на црниот дроб.

Витамин Ц – Алкохолот може да го осиромаши вашето тело од витамин Ц, кој е важен за намалување на оксидативните процеси во црниот дроб предизвикани од алкохолот. Бидете сигурни дека примате соодветна количина на витамин Ц, било преку суплементи или агруми, пред да пиете каков било алкохолен пијалок.

Магнезиум – Магнезиумот е друга хранива материја што ја користи алкохолот, а многумина се дефицитарни на магнезиум. Плус, магнезиумот има антивоспалителни својства што може да помогнат да се намалат некои симптоми на мамурлак. Ако не јадете многу магнезиум – храна богата со магнезиум, земањето суплемент магнезиум пред да пиете може да биде од помош.

Други практични мерки што може да помогнат:

  • Останете хидрирани – Пијте една чаша вода заедно со секој алкохолен пијалок за да превенирате дехидратација. Пред спиење, испијте уште една голема чаша вода или две, што ќе ви помогне да ги избегнете симптомите на мамурлак следното утро.

  • Јадете пред и за време додека пиете – Ако желудникот ви е празен, тоа ќе ја забрза апсорпцијата на алкохол во вашето тело. Исто може да предизвика и сериозна иритација на желудникот. Испланирајте да изедете оброк пред да пиете алкохол и грицкајте некои закуски (како сирење) додека пиете. Во најмала рака, обидете се со ова мало парче мудрост од медитеранскиот регион – земете една лажица маслиново масло пред да пиете алкохол за да превенирате мамурлак.

  • Држете се до бистар алкохол – Генерално, бистриот алкохол (вотка, џин или бело вино) содржи помалку хемикалии од потемните типови (коњак или виски).

  • Престанете кога еднаш ќе осетите чувство на мала зашеметеност – Кога се чувствувате зашеметено, тоа е знак дека патиштата за детоксификација на вашето тело стануваат преоптоварени. Направете пауза од пиењето или целосно престанете тој ден, со цел да му дозволите на вашето тело ефикасно да го метаболизира алкохолот.

Покрај тоа, исто ве советувам да не пиете кога не сте расположени или, уште полошо, кога сте депресивни бидејќи тоа може да доведе до несвесна и неконтролирана консумација на алкохол. Забележете дека алкохолот всушност може да ја промени вашата мозочна хемија и да ги намали концентрациите на серотонин, хемикалија во вашиот мозок што го регулира расположението, зголемувајќи ја вашата анксиозност и стрес наместо да ја намали.

Наместо да паднете во магичен круг на злоупотреба на алкохол, ви препорачувам да го решите вашето емоционално здравје што поскоро.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Abbey, A. (2002). Alcohol-related sexual assault: a common problem among college students. Journal of studies on alcohol. Supplement, (14), 118–128. https://doi.org/10.15288/jsas.2002.s14.118

Abbey, A., Saenz, C., Buck, P. O., Parkhill, M. R., & Hayman, L. W., Jr (2006). The effects of acute alcohol consumption, cognitive reserve, partner risk, and gender on sexual decision making. Journal of studies on alcohol, 67(1), 113–121. https://doi.org/10.15288/jsa.2006.67.113

Baan, R., Straif, K., Grosse, Y., Secretan, B., El Ghissassi, F., Bouvard, V., Altieri, A., Cogliano, V., & WHO International Agency for Research on Cancer Monograph Working Group (2007). Carcinogenicity of alcoholic beverages. The Lancet. Oncology, 8(4), 292–293. https://doi.org/10.1016/s1470-2045(07)70099-2

Castaño-Perez, G. A., & Calderon-Vallejo, G. A. (2014). Problems associated with alcohol consumption by university students. Revista latino-americana de enfermagem, 22(5), 739–746. https://doi.org/10.1590/0104-1169.3579.2475

Das, S. K., & Vasudevan, D. M. (2006). Protective effects of silymarin, a milk thistle (Silybium marianum) derivative on ethanol-induced oxidative stress in liver. Indian journal of biochemistry & biophysics, 43(5), 306–311.

Ginter, E., Zloch, Z., & Ondreicka, R. (1998). Influence of vitamin C status on ethanol metabolism in guinea-pigs. Physiological research, 47(2), 137–141.

Hommer, D., Momenan, R., Kaiser, E., & Rawlings, R. (2001). Evidence for a gender-related effect of alcoholism on brain volumes. The American journal of psychiatry, 158(2), 198–204. https://doi.org/10.1176/appi.ajp.158.2.198

Loft, S., Olesen, K. L., & Døssing, M. (1987). Increased susceptibility to liver disease in relation to alcohol consumption in women. Scandinavian journal of gastroenterology, 22(10), 1251–1256. https://doi.org/10.3109/00365528708996472

Mendelson, J. H., & Mello, N. K. (1988). Chronic alcohol effects on anterior pituitary and ovarian hormones in healthy women. The Journal of pharmacology and experimental therapeutics, 245(2), 407–412.

Mohler-Kuo, M., Dowdall, G. W., Koss, M. P., & Wechsler, H. (2004). Correlates of rape while intoxicated in a national sample of college women. Journal of studies on alcohol, 65(1), 37–45. https://doi.org/10.15288/jsa.2004.65.37

Poikolainen, K., & Alho, H. (2008). Magnesium treatment in alcoholics: a randomized clinical trial. Substance abuse treatment, prevention, and policy, 3, 1. https://doi.org/10.1186/1747-597X-3-1

Tollefson, G. D. (1989). Serotonin and alcohol: interrelationships. Psychopathology, 22 Suppl 1, 37–48. https://doi.org/10.1159/000284625

Wilsnack, S. C., Klassen, A. D., & Wilsnack, R. W. (1984). Drinking and reproductive dysfunction among women in a 1981 national survey. Alcoholism, clinical and experimental research, 8(5), 451–458. https://doi.org/10.1111/j.1530-0277.1984.tb05700.x

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.