За што се добри урмите?
Ботаничко име: Phoenix dactylifera
Палмите со урми започнуваат да даваат урми по три до пет години, а целосно се зрели на 12 години. Се одгледуваат во сушни региони од светот, а диви популации сè уште може да се најдат околу Јордан и на границата помеѓу Иран и Ирак.
Здравствени придобивки од урмите
Кога станува збор за бројот на минерали, витамини и фитонутритиенти корисни за здравјето, доволно е да се каже дека урмите имаат многу од нив. Прво и најважно, лесно се варат, со што му овозможуваат на вашето тело целосно да ги искористи сите нивни добри особини.
Диететските влакна во урмите помагаат непотребните материи непречено да се движат низ вашето дебело црево и помагаат да се превенира апсорпција на ЛДЛ (LDL) – лошиот холестерол, врзувајќи го со материи што содржат канцерогени хемикалии.
Содржината на железо, компонента на хемоглобинот во црвените крвни клетки, го одредува нивото на кислородот во крвта. Калиумот, електролит, помага во контрола на вашите срцеви отчукувања и крвниот притисок. Б витамините присутни во урмите, како каротините лутеин и зеаксантин, се апсорбираат од мрежницата за одржување на оптимални функции на филтрирање на светлината и заштита од макуларна дегенерација.
Сакате повеќе? Содржат витамин А и К. Витаминот А ги заштитува очите, ја одржува здрава кожата и слузокожата, и дури и ги заштитува и белите дробови и устата од развој на рак. Танините, кои се флавоноиди како и полифенолни антиоксиданси, се борат против инфекции и воспаленија, и помагаат во превенција на прекумерно крварење (антихеморагични својства). Витаминот К е коагулант што исто може да му помогне на метаболизмот на вашите коски.
Бакар, магнезиум, манган, витамин Б6 (пиридоксин), ниацин, пантотенска киселина и рибофлавин се исто присутни во урмите и ги даваат нивните единствени превентивни и исцелувачки својства.
Заедно овие кофактори му помагаат на вашето тело да ги метаболизира јаглехидратите, протеините и мастите. Јадењето урми во умерени количини може да ви обезбеди многу здравствени придобивки, како заштита на клетките од оштетување предизвикано од слободни радикали, со што помагаат во превенција на мозочен удар, коронарна срцева болест и развој на рак на дебело црево, простата, дојка, матка, бели дробови и панкреас.
Истражувања за урмите
Кадмиумот, многу добро познат токсикант на тестисите, беше тестиран наспроти екстракт од полен од палма со урми за терапевтскиот потенцијал и способноста да се спречи репродуктивно оштетување.
Резултатите ги потврдија претпоставките на научниците дека не само што тестисите се ранливи на кадмиум токсини, туку дека и третман со екстракт од полен од палма со урми може да ги промени неговите штетни ефекти, веројатно со активирање на ендокрините и антиоксидантните системи на тестисите.
Друго истражување ги објави најистакнатите здравствени придобивки од урмите: во урмите се присутни најмалку 15 минерали, вклучувајќи селен, елемент за кој се верува дека помага во превенција на рак и е важен за функцијата на имунолошкиот систем; во урмите се присутни и протеини – содржат 23 типови на амино киселини, од кои некои не се присутни во најпопуларните овошја како портокали, јаболка и банани. Незаситените масни киселини вклучуваат палмитолеинска, олеинска, линолна и линолеинска киелина.
Истражувањето заклучи дека урмите може да се сметаат за скоро идеална храна, со широк спектар на хранливи материи од суштинско значење и потенцијални здравствени придобивки.
Здрав рецепт со урми – Путер од урми
Кремаст путер од урми може да се направи во која било количина. Тоа е еден од оние рецепти што се менува секогаш кога ќе го направите затоа што не мора да ги мерите состојките. Исто може да додадете и друго сушено овошје како суво грозје и/или сливи доколку сакате. Листата со зачини може да се менува за да одговара на вашиот вкус.
Состојки:
- 2 чаши урми
- 2 лажички свеж сок од лимон
- вода
- ¼ лажичка цимет
- ¼ лажичка мелено морско оревче
- ¼ лажичка мелено каранфилче
- ¼ лажичка мелен ѓумбир
Постапка:
- Ставете ги урмите во тенџере и додадете вода колку да покрие ⅔ од овошјето. Додадете го сокот од лимон. Доведете го до точка на вриење, покријте го делумно со капак дозволувајќи ѝ на пареата да излегува.
- Намалете ја температурата на ниска температура. Во зависност од состојките, времето на готвење и влажноста, може да бидат потребни 10-30 минути за да се постигне соодветната конзистенција, што се проверува така што мала лажичка може да стои исправена во средината на мешавината без да падне настрана.
- Малку изладете ја смесата и потоа ставете ја во процесор за храна додека не се изедначи. Може да има неколку грутки, но тоа е во ред!
- Може да ја чувате во фрижидер до неколку недели или неодредено време во замрзнувач. Прекрасно е кога се јаде на тост или дури може да се додаде и на печен леб, торти итн.
Интересни факти за урмите
Урмите се спомнуваат неколку пати во Библијата, веројатно предци на најстарото познато семе успешно засадено во современото време.
Во 1963-тата година палма со урми е откриена во Масада, древна тврдина каде во 70-тата година голема група на еврејски семејства се убиле себе за да не бидат заробени од Римјаните. Засадена во јануари 2005-тата година, древната палма со урми наречена „Метузалем“ сега е висока 1,2 метри.
Заклучок
Од исконските брегови на реките Тигар и Еуфрат, палмата со урми обезбедува Phoenix dactylifera – ботаничкото име за урмите – како важна храна и медицински извор насекаде низ светот.
Железо за вашата крв, влакна за вашиот гастроинтестинален систем, витамин А за вашите очи, калиум за вашето срце, Б витамини, танини – ова се само неколку од хранливите материи присутни во урмите, што ги прави едни од најздравите производи на светот.
Имаат благородна историја што исцелителите ја користеле низ вековите за многу од истите својства што се користат денес.
Урмите се прекрасна ужинка сами по себе. Но бидете сигурни да ги јадете во умерени количини бидејќи овошјето може да има висока содржина на фруктоза што може да му наштети на вашето здравје. Како нешто ново, пробајте да ги наполните со мешавина од исецкани бадеми и ореви, и сирово кремасто сирење за вкусна, хранлива и комплетно единствена ужинка.
Извори: