Престанете да користите паста за заби со флуор

Во 2014-тата година, едно историско истражување покажа дека флуорот предизвикува широк спектар на невролошки развојни аномалии. Истражувањето претходно покажа дека серија на хемикалии – олово, метилжива, полихлорирани бифенили, арсен и толуен – се виновници за невротоксичност. Сепак, подоцнежно истражување го додаде и флуорот на листата.

Извадоци од истражувањето

„Невролошките развојни аномалии, вклучувајќи аутизам, синдром на дефицит на внимание и хиперактивност, дислексија, како и други когнитивни нарушувања, погодуваат милиони деца низ светот, а застапеноста на некои дијагнози се чини дека се зголемува. Индустриските хемикалии што го оштетуваат мозокот во развој се наоѓаат помеѓу познатите причини за зголемување на преваленцата. Во 2006-тата година направивме систематски преглед и идентификувавме пет индустриски хемикалии како развојни невротоксини: олово, метилжива, полихлорирани бифенили, арсен и толуен. Од 2006-тата година наваму, епидемиолошки испитувања документираа шест дополнителни развојни невротоксини – манган, флуор, хлорпирифос, дихлор-дифенил-трихлоретан, тетрахлоретилен и полибромирани дифенил етери.

Претпоставуваме дека уште повеќе невротоксини остануваат неоткриени. За да се превенира пандемијата на развојна невротоксичност, предлагаме глобална стратегија за превенција.“

Извор: Невробихејвиорални ефекти на токсичност во развојот (Grandjean, P., Landrigan, P. J. (2014). Neurobehavioural effects of developmental toxicity. Lancet Neurol 2014; 13: 330–3)

Интервју со д-р Дејвид Кенеди

Д-р Дејвид Кенеди вели дека не постои такво нешто како безбедна доза на флуор. Изјавува дека дури и ако користите флуорирана паста за заби и ја плукнете, истражувањата покажуваат дека вредностите на флуор во крвта се зголемуваат. Што му прави тоа на здравјето на децата и на вашето здравје?

Новинар: Ако има начин како да се каже дека знаете дека Х количина на флуор предизвикува Х количина на рак и тоа е линеарно, дали би било безбедно да се претпостави дека не постои безбедна вредност за флуоризација на водата?

Д-р Дејвид Кенеди: Мислам дека тоа е точно. Како што д-р Маркус објаснува во филмот – како научник, кој е начинот да развиете безбедна вредност на изложеност? Вели дека тој не знае како би пристапил, но мисли дека најверојатно ќе заврши како оловото. Кога нула количина е количината на која што треба да сте изложени.

Бидејќи причината поради што го спомнува оловото е, како прво, д-р Маркус беше човекот што го извади оловото од водата и, второ, флуорот е потоксичен од оловото. Затоа ако денес сите се загрижени за оловото, тогаш зошто нашите деца да не ги мијат забите со нешто уште полошо од оловото? Тоа е лудо!

Исто како арсенот и ако измислев паста за заби со арсен ќе кажевме: „Заштитени сте бидејќи ќе го плукнете.“ Но не можете да исплукате некои нешта од Вашата уста. Ако ги измерите вредностите на флуор и му дадете на дете паста за заби колку зрно грашок или му направите локален третман со флуор во стоматолошка ординација, неговите вредности на флуор ќе се зголемат. Дури и ако го надгледувате и го натерате да исплука, неговите вредности на флуор во крвта се зголемуваат бидејќи Вашата уста апсорбира сè што влегува во неа. Моралот на таа приказна е дека не треба да ставате ништо во устата на детето што не би го ставиле за вечера. Ако не е храна, ако не е хранлива материја, не припаѓа во устата на детето.

За македонски превод притиснете на „CC“.