За што се добри капините?

Ботаничко име: Rubus fruticosus

Капините, што растат на трнливи грмушки наречени капини, потекнуваат од Европа. Достапни се во текот на целата година, но растат во пролет и во почетокот на летото. Капините добро растат на широк спектар на почви, но сепак е неопходна добра дренажа и запомнете да ги засадите на место каде што ќе бидат директно изложени на сончева светлина. Капината технички не е само едно овошје. Секоја капина се состои од 80-100 мали топчести единици организирани во форма на грозд, слично на минијатурно грозје. Секоја капина има сочна пулпа, едно мало семе и е долга 3-4 cm.

Здравствени придобивки од капините

Листата на хранливи материи што ги содржат капините е долга. Преполни се со витамин Ц (порција од 100 gr содржи 23 mg или 35 % од препорачаниот дневен внес), а содржат малку калории (само 43 калории во порција од 100 gr) и натриум. Капините се одличен извор и на растворливи и на нерастворливи влакна. Порција од 100 gr цели капини содржи 5,3 gr влакна, што претставува 14 % од препорачаниот дневен внес.

Капините се исто така богати и со витамин А, Е, К и Б витамини, како и антиоксиданси лутеин и зеаксантин, кои ги собираат слободните радикали и реактивните кислородни видови што имаат улога во процесот на стареење и хроничните болести.

Тие се едни од производите со најголем капацитет за апсорпција на кислородни радикали што ни се достапни. Во ова овошје исто така се присутни и минерали како бакар, манган, магнезиум, калиум, пантотенска киселина, пиридоксин, рибофлавин, ниацин и фолна киселина.

Понизните капини содржат импресивно високи нивоа на фенолни флавоноидни фитохемикалии како елагична киселина, антоцијанин, танин, галска киселина, пелагронидин, кверцетин, цијанидин, кемпферол, катехини и салицилна киселина. Овие антиоксидантни соединенија нè заштитуваат од стареење, воспаление, рак и други невролошки болести.

Сепак, умерено консумирајте капини бидејќи содржат фруктоза, која што може да биде штетна за вашето здравје во прекумерни количини.

Истражувања за капините

Постојат се поголем број на истражувања што тврдат дека бобинките како капините може да бидат меѓу најмоќните антиканцерогени овошја. Капините се богати со цијанидин-3-глукозид, елагична киселина, лигнани и флавоноидот мирицетин – супстанци кои може да имаат својства што штитат од рак. Жените во постменопауза со рак на дојка кои консумираат големи количини на растителни лигнани се наоѓа дека се со помала веројатност да умрат од нивниот рак на дојка во споредба со пациентите со низок внес.

Утврдено е дека особено цијанидин-3-глукозид има хемотерапевтско и хемозаштитно дејство. Елагичната киселина, друга моќна состојка во капините, покажано е дека инхибира формирање на рак, додека мирицетинот има антиоксидантно дејство. Оваа корисна комбинација на хемикалии во капините може ефикасно да превенира рак повеќе од која било друга хемикалија поединечно.

Капините може да имаат корисни ефекти и врз здравјето на вашиот мозок. Според една статија објавена во Весникот за земјоделство и прехрамбена индустрија на САД („Journal of Agricultural and Food Chemistry“), високото ниво на антиоксиданси во капините, јагодите и другите бобинки може да помогне да се превенира загубата на меморијата поврзана со стареењето.

„Сајенс Дејли“ („Science Daily“) објави:

„Бобинките го менуваат начинот на кој комуницираат невроните во мозокот. Тие промени во сигнализирањето може да превенираат воспаление во мозокот што придонесува за оштетување на невроните, а исто така ја подобрува и моторната контрола и сознавањето.“

Здрави рецепти со капини – Салата со кељ и три вида на бобинки

Состојки:

  • 1 главица кадрав кељ, листовите отстранети од стеблото и искинати
  • 1 чаша свежи цреши, без семки и исечени
  • 1 чаша свежи боровинки
  • 1 чаша свежи капини
  • 1 чаша исечени свежи јагоди
  • 1 авокадо, исецкано
  • ⅔ чаша исецкани печени бадеми
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка бибер

За винегрет од јагоди:

  • ¾ чаша исечени свежи јагоди
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 лажичка мед
  • 1 прстофат сол
  • 1 прстофат бибер
  • 1 прстофат цимет

Постапка:

  1. За да се направи винегрет, се ставаат сите состојки во блендер или процесор за храна и се мешаат додека не се добие хомогена смеса.
  2. Ставете го кељот во голем сад и додадете околу ¼ чаша од винегретот од јагоди. Измешајте добро со рацете, а потоа оставете го кељот да отстои 5-10 минути.
  3. Додадете ја солта, биберот, црешите, бобинките и авокадото, а потоа додадете уште неколку лажички винегрет по површината. Завршете со посипување со исечените бадеми.

Интересни факти за капините

Постои една стара ирска поговорка што гласи: „На денот на Свети Архангел Михаил ѓаволот стапнува врз капини.“ Според едно британско и ирско суеверие, стариот ден на Свети Архангел Михаил (празникот на Свети Михаил, еден од главните ангели воини) што е на 10-ти октомври, е последниот ден кога треба да се берат капини. Легендата вели дека тоа е денот кога Луцифер бил протеран од рајот и по паѓањето од небото се спуштил на трнлива грмушка со капини. Кажал пцовка и го плукнал овошјето, а потоа го изгорел со неговиот огнен здив, со што го направил непогодно за консумирање за луѓето.

Заклучок

Сочни и кисело-слатки, капините се летни бобинки и популарен додаток на салати и смуди. Нивната темна боја е знак за нивната висока содржина на антиоксиданси и благодет во борбата против знаците на стареење, рак и други дегенеративни заболувања. Нема никаков недостаток на хранливи материи во ова овошје и е преполно со витамин А, Е, К и Б витамини, влакна, антиоксиданси зеаксантин и лутеин, и импресивен број на флавоноиди што промовираат здравје.

Сепак, запомнете дека најдобро е капините да се консумираат во нивната природна состојба со цел да се добијат нивните придобивки. Хранливите материи може да се зачуваат и со замрзнување, иако текстурата може да се промени.

Извори:

American Chemical Society. (2012). Eating berries benefits the brain. ScienceDaily. www.sciencedaily.com/releases/2012/03/120307145825.htm

Barzegar, A. (2016). Antioxidant activity of polyphenolic myricetin in vitro cell- free and cell-based systems. Molecular biology research communications, 5(2), 87–95.

Ceci, C., Lacal, P. M., Tentori, L., De Martino, M. G., Miano, R., & Graziani, G. (2018). Experimental Evidence of the Antitumor, Antimetastatic and Antiangiogenic Activity of Ellagic Acid. Nutrients, 10(11), 1756. https://doi.org/10.3390/nu10111756

Esselen, M., Boettler, U., Teller, N., Bachler, S., Hutter, M., Rufer, C. E., Skrbek, S., & Marko, D. (2011). Anthocyanin-rich blackberry extract suppresses the DNA-damaging properties of topoisomerase I and II poisons in colon carcinoma cells. Journal of agricultural and food chemistry, 59(13), 6966–6973. https://doi.org/10.1021/jf200379c

McCann, S. E., Thompson, L. U., Nie, J., Dorn, J., Trevisan, M., Shields, P. G., Ambrosone, C. B., Edge, S. B., Li, H. F., Kasprzak, C., & Freudenheim, J. L. (2010). Dietary lignan intakes in relation to survival among women with breast cancer: the Western New York Exposures and Breast Cancer (WEB) Study. Breast cancer research and treatment, 122(1), 229–235. https://doi.org/10.1007/s10549-009-0681-x

Miller, M. G., & Shukitt-Hale, B. (2012). Berry Fruit Enhances Beneficial Signaling in the Brain. Journal of Agriculture and Food Chemistry, 13;60(23):5709–15. https://doi.org/10.1021/jf2036033

Zhang, H. M., Zhao, L., Li, H., Xu, H., Chen, W. W., & Tao, L. (2014). Research progress on the anticarcinogenic actions and mechanisms of ellagic acid. Cancer biology & medicine, 11(2), 92–100. https://doi.org/10.7497/j.issn.2095-3941.2014.02.004

Zheng, A. W., Chen, Y. Q., Zhao, L. Q., & Feng, J. G. (2017). Myricetin induces apoptosis and enhances chemosensitivity in ovarian cancer cells. Oncology letters, 13(6), 4974–4978. https://doi.org/10.3892/ol.2017.6031