За што се добри јаболката?

Ботаничко име: Мalus domestica

Вкусни, сочни и слатки се придавките кои се користат за да се опишат јаболката. Добро поднесуваат патување, што ги прави позната храна во кутијата за храна и позната ужинка. Екстремно се разноврсни. Иако често се смета дека се очигледно американски, всушност потекнуваат од Месопотамија. Околу 2 500 сорти се одгледуваат во САД и 7 500 во светот.

Здравствени придобивки од јаболката

Особено богати со витамин Ц, а исто обезбедувајќи и витамин А, како моќен антиоксиданс помагаат во борбата со инфекции и ги собираат слободните радикали што предизвикуваат воспаление.

Исто така содржат и значајна количина на влакна што можат да помогнат при превенција на апсорпција на ЛДЛ (LDL) – лошиот холестерол. Јаболката се добар извор на витамини од Б-комплекс групата како: рибофлавин (витамин Б2), тиамин (витамин Б1) и пиридоксин (витамин Б6), кои заедно ослободуваат ензими што го поддржуваат метаболизмот и други витални функции во телото.

Другите присутни минерали во јаболката вклучуваат: железо, бакар, цинк, калциум и калиум, кои се важни помошни компоненти за контрола на пулсот и крвниот притисок. Сите овие добри нешта уште повеќе објаснуваат зошто јаболката со право може да се наречат „супер храна“.

Предупредување: Јаболката се едни од најконтамираните производи со пестициди во производниот сектор, па затоа најдобро е да се купуваат органски јаболка доколку имате таква можност.

Истражувања за јаболката

Едно истражување покажуваат дека флавоноидите и нитратите присутни во јаболката може да ве заштитат од кардиоваскуларни болести со снижување на крвниот притисок, како и со подобрување на ендотелната функција во регулацијата на крвниот проток. Флавоноидите се едни од најважните фитохемикалии кои природно можат да се најдат во овошјето, зеленчукот и растенијата кои може да се јадат.

Друго истражување покажува врска помеѓу јадењето јаболка и намален ризик од одредени типови на карциноми, особено колоректален карцином, што се должи на високата содржина на флавоноиди што ја активира антиоксидантната активност. Јаболката испаѓа дека содржат повеќе антиоксиданси отколку која било друга храна, со тоа што лушпата е дури и повеќе потентна од внатрешната содржина. Исто така интересно е тоа што ниедно друго овошје не е асоцирано со менување на ризикот за колоректален карцином – колку е поголем внесот, толку е поголемо влијанието.

Здрав рецепт со јаболка – Салата со јаболка, ореви и зрна

Состојки:

  • 1 чаша варен див ориз
  • 1 чаша варен кафеав ориз
  • 1 чаша варен јачмен
  • 2 големи Грени Смит јаболка, лупени, исчистени и исецкани
  • ½ чаша печени ореви, грубо исецкани
  • 2 китки целер, тенко исечени
  • 1 мал морков, рендан
  • чаша суво грозје
  • ½ чаша сецкан свеж копар
  • ½ чаша обичен јогурт
  • 3 лажици сок од лимон
  • морска сол и свежо мелен пипер, по вкус

Постапка:

  1. Во голем сад измешајте ги сувите состојки и копарот.
  2. Додадете го јогуртот, сокот од лимон, сол и пипер по вкус, и добро измешајте.

Интересни факти за јаболката

Пронајден е камен од 1500-тата година п.н.е. во Северна Месопотамија, на кој е запишана размена на овоштарник со јаболка од Тупкитила, Асирец од Нузи, за три ценети одгледувачи на овци. Секој што ќе дозволел пожар да уништи овоштарник со јаболка бил казнуван со 3 сикли според  законите на Хетеецот.

Заклучок

Кога ќе погледнете сѐ што може да ви понудат јаболката, јасно е зошто се нарекуваат „супер храна“. Јаболката се спомнуваат во народни приказни пренесувани низ годините, а не само поради нивната крцкава добрина. Тие се екстремно разноврсни во рецепти, и сирови и готвени, нудејќи антиканцерогени својства и моќни антиоксиданси со секој залак. Што може да биде подобро од тоа?

Извори:

Jedrychowski, W., & Maugeri, U. (2009). An apple a day may hold colorectal cancer at bay: recent evidence from a case-control study. Reviews on environmental health, 24(1), 59–74. https://doi.org/10.1515/reveh.2009.24.1.59