Зошто нарушувањето поврзано со глутенот е во пораст?

Болеста се јавува кај луѓе чии тела не можат да го дигестираат глутенот, протеин што се наоѓа во пченицата, ’ржот и јачменот. Недигестираниот протеин го активира имунолошкиот систем да ја нападне слузницата на тенкото црево, предизвикувајќи дијареа, гадење и болки во стомакот.

Според статистички податоци од Центарот за целијачна болест при Универзитетот на Чикаго, во просек еден на секои 133 здрави луѓе во САД боледува од болест на дигестивниот тракт, позната како целијачна болест. Претходни истражувања наоѓаат дека таа бројка може да биде висока дури до 1 на 33 кај ризични популации.
За жал, и покрај брзото зголемување на преваленцата, сè уште се потребни просечно четири години за да дојдете до дијагноза, ако ги имате симптомите. Задоцнувањето на правилната дијагноза може драматично да го зголеми вашиот ризик од развој на други болести, како автоимуни заболувања, невролошки проблеми, остеопороза и дури и рак.

На пример, ако ви е дијагностицирана целијачна болест по 20-тата година од вашиот живот, вашите шанси за равој на автоимуна состојба достигнуваат рекордна вредност од просечните 3,5 % до 34 %.

Покрај тоа, според најновото истражување, недијагностицирана целијачна болест се поврзува со речиси четири-кратно зголемен ризик од прерана смрт.

Што предизвикува целијачна болест?

Целијачната болест, често наречена и интолеранција на пченица или глутен, се јавува кога вашето тело не може да го дигестира глутенот, протеин што најчесто се наоѓа во пченицата, ’ржот и јачменот. Сепак, многу е важно да се разбере дека тие не се единствените виновници што може да предизвикаат сериозни проблеми. Други житарици, како овес и спелт пченица, исто така содржат глутен, а глутенот може да се најде во безброј преработени производи без тоа да биде означено на етикетата. Зборот „глутен“ доаѓа од латинскиот збор за лепак (gluten), а неговите атхезивни својства го држат лебот и тортите во еден дел. Но истите тие својства влијаат врз разложувањето и апсорпцијата на хранливи материи, вклучувајќи ги хранливите материи од другите производи во истиот оброк.

Резултатот е залепена грутка во стомакот, а не хранлива, лесно сварлива храна.

Недигестираниот глутен потоа предизвикува вашиот имун систем да ја нападне слузницата на тенкото црево, што може да предизвика симптоми како дијареа или запек, гадење и болки во стомакот.

Со тек на време, вашето тенко црево станува се повеќе оштетено и се помалку способно да апсорбира хранливи материи како железо и калциум. Тоа може да доведе до анемија, остеопороза и други здравствени проблеми.

Брзиот пораст на целијачната болест и поблагите форми на интолеранција на глутен не се изненадување, земајќи ја во предвид современата западна исхрана, што се состои во голем дел од јаглехидрати од житарици.

Покрај тоа, современата пченица е многу различна од пченицата што ја јаделе нашите предци. Процентуалната застапеност на протеинот глутен во пченицата е енормно зголемена како резултат на хибридизација.

Се до 19-тиот век пченицата всушност беше мешана со други житарици, грав и ореви; чистото пченично брашно е мелено во рафинирано бело брашно само во последните 200 години.

Како резултат на тоа, исхраната со висока содржина на глутен и рафинирани житарици што најголем дел од вас ја имаат уште од детството, едноставно не била дел од исхраната на претходните генерации.

Многуте симтоми на интолеранција на глутен

Покрај гадење, дијареа, запек и болки во стомакот, целијачната болест може клинички да се манифестира со низа на недигестивни симптоми како: остеопороза или остеопенија, дефекти во емајлот на забите, недостаток на витамин К, заболувања на централниот и периферниот нервен систем, деменција и оштетувања во менталното функционирање што можe да предизвика или влоши аутизам, Аспергеров синдром, синдром на недостаток на внимание или шизофренија, дерматитис херпетиформис – состојба на кожата што предизвикува интензивно чешање и пликови, различни типови на анемија, неплодност и рана менопауза, нарушувања на органите, губење или зголемување на телесна тежина и замор.

Третман на интолеранција на глутен и целијачна болест

Третманот на целијачната болест и интолеранцијата на глутен се состои во исхрана без глутен, што значи воздржување од житарици и каква било храна што содржи глутен. Тест на крв може да потврди дали всушност ја имате таа состојба.

Вообичаено, избегнување на глутен за време од недела или две е доволно за да видите значително подобрување.

Сепак, според моето искуство, околу 75-80 % од сите луѓе може да имаат корист од избегнувањето на житарици, дури и житарици во вид на никулци, без разлика дали имате интолеранција на глутен или не. Тоа е така бидејќи вообичаено житариците брзо се разложуваат на шеќер, што предизвикува покачување на инсулинот, што пак предизвикува влошување на некои здравствени проблеми како: прекумерна телесна тежина, висок холестерол, висок крвен притисок, дијабетес тип 2 и рак.

Единствените постојани исклучоци би биле тие чиј тип на исхрана е јаглехидратен и кои не страдаат од симптоми на интолеранција. Сепак, важно е да се разбере дека има голема разлика помеѓу зеленчуковите јаглехидрати и житните јаглехидрати, иако и двата типови се нарекуваат „јаглехидрати“. За разлика од зеленчукот, житариците се претвораат во шеќер, што не е нешто што му треба на некој во големи количини во исхраната.

Зголемувањето на преваленцата на целијачната болест е јасен доказ дека едноставно не сме создадени за да консумираме толку големи количини на скроб и храна богата со шеќер, во која некои толку уживаат.

Накратко, повеќето луѓе консумираат премногу леб, житарици, тестенини, пченка (како житарица, не како зеленчук), ориз и компири, со многу сериозни последици по здравјето.

Скриени извори на глутен

Со цел да се бориме против интолеранцијата на глутен, не е доволно едноставно да избегнуваме житарици. Исто така мора да внимавате на квалитетот на целата друга храна што ја јадете.
Кога избирате преработена храна, не само што сигурно ќе имате физички компликации на еден или друг начин, туку ако имате целијачна болест, императив е да избегнувате преработена храна поради скриениот глутен. За жал, производителите на храна не се законски обврзани да ги идентификуваат сите можни извори на глутен на етикетите на нивните производи, па затоа читањето на етикетите може да не биде доволно. Глутенот сè уште може да се крие во преработена храна како готови супи, сос од соја и бонбони.

Тоа кажува дека ваша најсигурна опција е да се држите до исхрана составена од свежи, природни производи (по можност органски, секогаш кога е можно). Не само што ќе ја држите под контрола вашата целијачна болест, туку исто така ќе искусите и голем број на други придобивки како зголемена енергија, подобрено расположение и помал ризик од хронични заболувања.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Rubio-Tapia, A., Kyle, R. A., Kaplan, E. L., Johnson, D. R., Page, W., Erdtmann, F., Brantner, T. L., Kim, W. R., Phelps, T. K., Lahr, B. D., Zinsmeister, A. R., Melton, L. J., 3rd, & Murray, J. A. (2009). Increased prevalence and mortality in undiagnosed celiac disease. Gastroenterology, 137(1), 88–93. https://doi.org/10.1053/j.gastro.2009.03.059

Samsel, A., & Seneff, S. (2013). Glyphosate, pathways to modern diseases II: Celiac sprue and gluten intolerance. Interdisciplinary toxicology, 6(4), 159–184. https://doi.org/10.2478/intox-2013-0026

Samsel, A., & Seneff, S. (2013). Glyphosate’s Suppression of Cytochrome P450 Enzymes and Amino Acid Biosynthesis by the Gut Microbiome: Pathways to Modern Diseases. Entropy 15, 1416-1463. https://doi.org/10.3390/e15041416

Simpson, S., & Thompson, T. (2014). A comparison of gluten levels in labeled gluten-free and certified gluten-free foods sold in the United States. European journal of clinical nutrition, 69. DOI: 10.1038/ejcn.2014.211