За што е добар карфиолот?

Ботаничко име: Brassica oleracea

Карфиолот е еден од многуте крстоцветни зеленчуци, вклучувајќи ги во истата група брокулата, зелката и кељот, именувани по крстовидното стебло. Со бела, виолетова, зелена или бледо портокалова боја, е еден од неверојатно разновидните зеленчуци што се консумира сиров во мезе, пропржен во најразлични јадења, подготвен на скара и дури и обработен во вид на пире наликувајќи на пире од компири. Добро се меша со други обарени зеленчуци, како морков и брокула.

Кога купувате карфиол, барајте цврсти главици без кафени или жолти меки дамки на површината. Ставете ги главиците наопаку во голем сад со ладна солена вода околу 15 минути за да се осигурате дека какви било инсекти или штетни пестициди ќе бидат отстранети.

Здравствени придобивки од карфиолот

Карфиолот има пријатен свеж вкус. Еден од неговите најдобри хранливи аспекти е високата дневна вредност на витамин Ц што ја обезбедува во една порција – импресивни 77 %. Карфиолот е исто така и добар извор на витамин К, протеини, тиамин, рибофлавин, ниацин, магнезиум и фосфор, како и влакна, витамин Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, 303 gr калиум и манган.

Главата на карфиолот, што изгледа како површината на мозокот, содржи бројни фитонутритиенти, како индол-3-карбинол и сулфурафан, кои може да помогнат во превенција на рак на простата, рак на јајници и рак на грло на матка.

Истражувања за карфиолот

Едно од најпопуларните истражувања што се појави во јануари 2012-тата година е за способноста на карфиолот да превенира рак на простата кога е комбиниран со куркума.

Тоа се должи на супстанцата фенетил изотиоцијанат што природно се наоѓа во одредени зеленчуци. Според едно истражување, за разлика од САД каде ракот на простата е втора најголема причина за смрт од рак кај мажите, појавата на ова заболување е многу ретка во Индија, каде комбинацијата од овие два производи често се консумира.

Понатаму, карфиолот исто се спомнува како еден од неколкуте крстоцветни зеленчуци што кога се јаде може да го намали ризикот од рак на дебело црево и рак на бели дробови, како и да инхибира рекурентен рак на простата.

Здрави рецепти со карфиол – Карфиол со балсамик оцет

Состојки:

  • 2 лажички кокосово масло
  • 1 главица карфиол, исечена на цветови
  • 5 домати, секој исечен на 8 парчиња
  • 2 чешниња лук, толчен
  • ½ чаша супа од зеленчук
  • чаша балсамик оцет
  • сол и пипер по вкус
  • 1 лажичка свеж магдонос со рамен лист, исецкан

Постапка:

  1. Загрејте го кокосовото масло во голема тава на средна температура, додадете го карфиолот и пропржете додека не добие светло кафена боја, мешајќи често, 5 до 7 минути.
  2. Додадете ги доматите и лукот, пропржувајќи уште 2 до 3 минути. Додадете ја супата од зеленчук, балсамик оцетот и добро измешајте.
  3. Покријте ја тавата и намалете ја температурата, оставајќи смесата тивко да врие додека карфиолот не стане мек, уште околу 5 минути. Зачинете со сол и бибер. Посипете го магдоносот и послужете.

Интересни факти за карфиолот

Марк Твен еднаш напишал: „Тренингот е сè. Праската едно време беше горчлив бадем; карфиолот не е ништо друго, туку зелка со факултетско образование.“

Заклучок

Карфиолот е уште еден крстоцветен зеленчук со импресивен број на начини на кои можете да го подготвите, содржи витамин Ц и има потенцијал да превенира одредени типови на рак и повторно јавување на одредени типови на рак. Служете го како ужинка, пропржен во комбинација со други зеленчуци или додадете го во супи и чорби.

Извори:

Ahmed, F. A., & Ali, R. F. (2013). Bioactive compounds and antioxidant activity of fresh and processed white cauliflower. BioMed research international, 2013, 367819. https://doi.org/10.1155/2013/367819

Kellingray, L., Tapp, H. S., Saha, S., Doleman, J. F., Narbad, A., & Mithen, R. F. (2017). Consumption of a diet rich in Brassica vegetables is associated with a reduced abundance of sulphate-reducing bacteria: A randomised crossover study. Molecular nutrition & food research, 61(9), 1600992. https://doi.org/10.1002/mnfr.201600992

Lenzi, M., Fimognari, C., & Hrelia, P. (2014). Sulforaphane as a promising molecule for fighting cancer. Cancer treatment and research, 159, 207–223. https://doi.org/10.1007/978-3-642-38007-5_12

Seidl, S. E., Santiago, J. A., Bilyk, H., & Potashkin, J. A. (2014). The emerging role of nutrition in Parkinson’s disease. Frontiers in aging neuroscience, 6, 36. https://doi.org/10.3389/fnagi.2014.00036