Што му се случува на вашето тело кога јадете преработена и брза храна?
Иако нивниот внес на калории останал непроменет, кога луѓето преработена брза храна во едно истражување, способноста на нивните мускули да ја оксидираат глукозата била нарушена по само пет дена. Тоа е значајна промена бидејќи мускулите имаат важна улога во расчистување на глукозата по оброк од вашето тело.
Во нормални услови, вашите мускули ќе ја разложат глукозата или ќе ја складираат за да ја користат подоцна. Вашите мускули сочинуваат околу 30 % од вашата телесна тежина, па затоа ако го изгубите овој клучен играч во метаболизмот на глукозата, тоа може да го отвори патот за дијабетес и други здравствени проблеми. Како што е соопштено од страна на „Тајм“ („Time“):
„Нормалниот одговор по оброк во суштина беше затапен или едноставно не беше присутен по пет дена исхрана богата со незаситени масти.“ – вели д-р Метју Халвер, шеф на одделот за исхрана на човекот, храна и вежбање на Универзитетот „Вирџинија Тек“ („Virginia Polytechnic Institute and State University“).
Пред да преминат на работната недела со исхрана богата со масти, кога луѓето јаделе нормален оброк, забележано е големо зголемување на оксидативните цели по четири часа по оброкот.
Тој одговор бил поништен по пет-дневниот внес на незаситени масти.
А во нормални услови на јадење, испитуваниот мускул ја користи глукозата како извор на енергија со оксидирање на глукозата. „Тоа во суштина беше збришано потоа.“ – вели тој. „Бевме изненадени колку беа силни ефектите по само пет дена.“
Само еден лош оброк може да му влијае на вашето здравје
Документарниот филм на Морган Спурлок „Направи ме супер големина“ („Super Size Me“) беше еден од првите што видливо ги прикажува последиците кога човек се обидува да се одржува со исхрана што се состои од брза храна.
По само четири недели, здравјето на Спурлок се влоши до тој степен што неговиот лекар го предупреди дека го става својот живот во сериозна опасност ако продолжи со експериментот.
Но, како што покажа понатамошното истражување, не е потребен еден месец за да ги искусите здравствствените ефекти од лошата исхрана. Всушност, промените се случуваат по само еден оброк, според истражувањето објавено во Списание на Американскиот колеџ за кардиологија („Journal of the American College of Cardiology“).
Кога јадете оброк богат со нездрави масти и шеќери, шеќерот предизвикува голем скок во нивото на шеќер во вашата крв наречено постпрандијална хипергликемија.
Долгорочно тоа може да доведе до зголемен ризик од срцев удар, но исто така има и некои краткорочни ефекти како:
- Се воспалува вашето ткиво (како што се случува кога е инфицирано)
- Се стеснуваат вашите крвни садови
- Се генерираат штетни слободни радикали
- Вашиот крвен притисок може да се покачи повеќе од нормално
- Пораст и пад на инсулинот може да ви остави чувство на глад веднаш по вашиот оброк
Добрата вест е што јадењето здрав оброк му помага на вашето тело да се врати во својата нормална оптимална состојба, дури и по само еден оброк. Авторот на истражувањето, Џејмс О’Киф од Институтот „Срцето на Средна Америка“ („Mid America Heart Institute“) во Канзас, Мисури изјави за „Тајм“ („Time“):
„Вашето здравје и енергија, на многу основно ниво, се добри колку и вашиот последен оброк.“
Д-р Брејден Куо од Општата болница во Масачутес користи камера со големина на таблетка за да види што се случува во вашиот желудник и во дигестивниот тракт откако ќе изедете еден често консумиран тип на инстант тестенини – нудлс. Резултатите се неверојатни.
Дури и по само два часа, тие се неверојатно непроменети, многу повеќе отколку кај домашни тестенини, што биле користени за споредба. Ова е загрижувачко од голем број на причини.
За почеток, може да вршат притисок на вашиот дигестивен систем, кој е принуден да работи со часови пред да може да ја разложи таа високо преработена храна.
Кога храната останува во вашиот дигестивен тракт толку долго време, исто така ќе влијае и на апсорпцијата на хранливи материи, но во случајот на преработени тестенини (нудлс) и не постојат многу хранливи материи за да се апсорбираат. Наместо тоа, има долга листа на адитиви, вклучувајќи го токсичниот конзерванс терциерен-бутил хидрохинон (TBHQ-tertiary butylhydroquinone).
А да не зборуваме за рафинираните јаглехидрати како житарици за појадок, ѓевреци, вафли, переци и повеќето други преработени производи што се разложуваат на шеќер во вашето тело. Тоа го зголемува нивото на инсулин и лептин, и допринесува за развој на инсулин ресистентност, што е примарен основен фактор на скоро секоја хорнична болест и состојба позната на човекот, вклучувајќи и зголемување на телесната тежина.
И не само тоа, запомнете, кога јадете брза храна, не се храните само себе, ја храните исто така и вашата микрофлора, а со тоа и ја менувате нејзината градба на подобро или полошо. Армијата од разновидни микроорганизми во вашето тело е одговорна за многу клучни биолошки процеси, од иминутет до меморија и ментално здравје, затоа хранејќи ја мудро, со свежа непреработена и природно ферментирана храна, е од суштинско значење за вашето целокупно здравје и благосостојба.
Дали јадењето преработена храна е исто опасно како и цигарите?
Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Оливиер Де Шатер, рече дека: „Дебелината е поголема глобална закана од употребата на тутун.“ – и дека тој факт не е земен доволно сериозно како што треба да биде земен.
Преработената храна е неверојатно зависна
Вашето тело е создадено природно самото да регулира колку јадете и колку енергија согорувате. Но производителите на храна сфатиле како да ги надминат тие суштински природни регулатори создавајќи преработени производи што се направени да бидат „екстра да ве наградат“. Според „хипотезата за дебелина – наградување со храна“, преработените производи поттикнуваат силен одговор на награда во нашиот мозок, така што станува многу лесно да се прејадеме. Еден од водечките принципи во индустријата со преработени производи е познат како „сензорно-специфична ситост“.
Истражниот новинар Мајкл Мос, го опишува тоа како „тенденција големи различни вкусови да го победат вашиот мозок“. Најголемиот успех на пијалоците и храната се должи на „посакуваност“ што пак се должи на комплексни формули што ги надразнуваат вашите сетилни телца за вкус само толку колку што е потребно, незаситувајќи ги, а со тоа победувајќи ја тенденцијата на вашиот мозок да каже „доволно“. Чипсот е најзависната брза храна на пазарот, што ги содржи сите три состојки што „поттикнуваат блаженство“: шеќер (од компир), сол и лоши масти.
Всушност, шеќерот предизвикува поголема зависност од кокаинот. Едно истражување објавено во 2007-тата година покажува дека 94 % од стаорците на кои им е дозволено да изберат помеѓу шеќерна вода и кокаин, избираат шеќер. Дури и стаорците што биле зависни од кокаин, брзо го смениле нивниот избор на шеќер, кога им бил понуден како избор. Стаорците исто така биле повеќе желни да работат за шеќер наместо за кокаин.
Истражувачите шпекулираат дека рецепторите за благо (два протеински рецептори локализирани на јазикот), што еволуирале од предците кога исхраната била сиромашна со шеќер, не се адаптирани на високата консумација на шеќер во современото време. Затоа абнормална висока стимулација на тие рецептори со исхрана богата со шеќер предизвикува прекумерни сигнали на награда во вашиот мозок, кои го имаат потенцијалот да ги победат нормалните механизми на самоконтрола, а со тоа и да доведе до зависнот.
Дали постојано ве демне преработената храна? Како да се ослободите?
Замената на преработената храна со домашни оброци направени од нерафинирани производи е идеален и важен начин што обезбедува оптимална исхрана. Тоа автоматски ќе ги намали најголемиот дел на рафинирани шеќери, преработена фруктоза, конзерванси, вештачки бои и други штетни хемикалии, како и многу состојки што предизвикуваат зависност во вашата исхрана. Тоа ќе му дозволи на вашето тело помалку да зависи од шеќер, а повеќе од масти, како примарно гориво – доколку јадете доволно здрави масти.
Како резултат на тоа, нема повеќе да сте желни за шеќер, за да имате енергија. Клучни елементи за здрава исхрана што може да ви помогнат целосно да ја изгубите желбата за брза храна се следните:
- Избегнувајте рафиниран шеќер, преработена фруктоза, житарици и преработена храна.
- Јадете здрава храна составена од непреработени призводи, идеално органски.
- Заменете ги јаглехидратите што ги елиминирате со колку што сакате здрави масти со висок квалитет (заситени и монозаситени).
Многумина ќе имаат корист доколку добиваат 50-85 % од дневниот калориски внес од здрави масти. Иако ова може да звучи многу, имајте во предвид дека кога се работи за волумен, најголемиот дел од вашата чинија треба да биде исполнет со зеленчук бидејќи зеленчукот содржи малку калории.
Од друга страна, мастите содржат многу калории. На пример, само една лажичка кокосово масло содржи околу 130 калории – целосно од здрави масти. Добрите извори вклучуваат: маслинки и маслиново масло, кокосови ореви и кокосово масло, путер направен од сирово органско млеко добиено од животни хранети со трева, органски сирови ореви, особено макадамија ореви кои се сиромашни со протеини и омега 6 масни киселини, жолчки од органски јајца од кокошки кои паселе и авокадо.
- Јадете големи количини на високо квалитетен локално одгледан органски зеленчук, ферментиран зеленчук и никулци, идеално одгледани во вашиот дом.
- Консумирајте ниски до умерени количини на високо квалитетни протеини (јајца).
Клучот е во планирање на оброците
Исфрлањето на преработените производи од исхраната бара да ги планирате оброците однапред, но ако одите чекор по чекор, е многу можно и изводливо, безболно да ги отстраните преработените производи од вашата исхрана. Можете да пробате да го пребарате вашиот локален пазар на земјоделски производи за сезонски производи што ефтино се продаваат, а според тоа соодветно да ги испланирате и вашите оброци, а истиот пристап можете да го искористите и во супермаркетите. Можете да испланирате оброци за една недела, со што ќе бидете сигурни дека ќе ги имате потребните состојки на располагање, а потоа направете какви било подготовки што може да ги направите предвреме за да ви биде лесно брзо да ја подготвите вечерата доколку тогаш немате многу време (а остатоците можете да ги искористите за ручек следниот ден).
д-р Меркола, експерт за природно здравје |
Извори: