За што е добра зелката?

Ботаничко име: Brassica oleracea

Со потекло од зелката што диво растела во медитеранските региони пред илјадници години, листовите од денешните сорти имаат интересни разлики. Некои се широки и релјефни, додека други се мазни и во цврст сноп. Боите исто варираат, од бледо зелена, сино-зелена, црвена, црвено-виолетова до скоро бела. Сите сорти имаат кратки стебла, кои освен што може да имаат земја од градината на самиот крај, се подеднакво вкусни и хранливи како и лисјата.

Зелката е најдобро да се подготвува колку што е можно сирова – понекогаш се користи терминот нежно крцкава – за да се зачуваат многуте хранливи материи што ги содржи.

Салата од зелка е можеби најпознатата подготовка на зелка, а исто така е и почитувана насекаде низ светот заради неверојатниот вкус што го дава на многу видови топли супи.

Здравствени придобивки од зелката

Зелката има највисока количина на некои од најмоќните антиоксиданси присутни во крстоцветните зеленчуци – фитонутритиенти како тиоцијанати, лутеин, зеаксантин, изотиоцијанати и сулфурафан, што ги стимулира ензимите за детоксификација.

Едно истражување покажува дека тие соединенија заштитуваат од неколку типови на рак, вклучувајќи рак на дојка, рак на дебело црево и рак на простата. Исто така помагаат и во снижување на ЛДЛ (LDL) – лошиот холестерол во крвта, кој може да се натрупа во артериите и да предизвика срцева болест.

Богата со витамин К, зелката обезбедува 85 % од дневната потреба на телото. Тоа е многу важно, не само за метаболизмот на коските, туку и за превенција на Алцхајмерова болест, со ограничување на оштетување на невроните во мозокот.

Една порција зелка обезбедува 54 % од дневната вредност за витамин Ц – повеќе и од портокал – што може да помогне во собирање и отстранување на штетните провоспалителни слободни радикали, како и во заштита од инфекции.

Зелката е исто така одличен извор на влакна, витамин Б6, фолна киселина и манган, како и здрави количини на тиамин (витамин Б1), пиридоксин (витамин Б6) и пантотенска киселина (витамин Б5). Исто обезбедува и железо, магнезиум, фосфор, калциум за силни коски и калиум за регулирање на работата на срцето и крвниот притисок.

Истражувања за зелката

Многубројни докази покажуваат дека зелката е извонреден лек за чир на желудникот, што се должи на високата содржина на фитонутритиенти. Посебно за еден – индол-3-карбинол – има истражување што докажува дека превенира и успорува раст на канцерозни клетки.

Две лажички термички обработена зелка дневно докажано е дека заштитува од рак на желудник кај испитуваните субјекти и го забрзува метаболизмот на естрогенот со што помага во спречување на рак на дојка и инхибиција на раст на полипи, претходници на рак на дебело црево.

Друг извештај покажува намалување на рак на дебело црево за 66 % кај мажи кои јаделе зелка еднаш неделнo.

Соединенијата во зелката ги зајакнуваат мускулите на желудникот, што помага против напади на желудочни киселини, според друго истражување.

Домашен европски лек за чир на желудникот, поткрепен од научно истражување, покажува целосно излекување за 10 дена со пиење на само една чаша сок од зелка на ден. Истражувањето поткрепи и друго истражување направено во 1950-тите години, во кое еден литар сок од зелка на ден имал слично исцелувачко дејство.

Здрави рецепти со зелка – Индиска салата со зелка

Состојки:

  • 2 лажички кокосово масло
  • 1 лажичка семе од црн синап
  • 1 лажичка куркума
  • 4 чаши бела или црвена зелка, рендана
  • 1 лажичка сол

Постапка:

  1. Во тешка тава на средна температура загрејте го кокосовото масло.
  2. Додадете го семето од синап и куркумата, пропржете 1 минута.
  3. Додадете ја зелката, додадете сол, измешајте и пропржете уште 2 минути.
  4. Додадете неколку лажички вода, покријте и оставете ја зелката да се обари 2 минути.
  5. Извадете ја од изворот на топлина и послужете. Со овој рецепт се добиваат 4 порции.

Интересни факти за зелката

Зелка зачинета со оцет била главна храна на морнарите на долги патувања, не само за среќа во Новата година, туку заради многуте витамини, пробиотици и хранливи материи што ги обезбедува. Солена варена зелка исто била додавана на оризот што им се давал на работниците на Кинескиот ѕид, давајќи им сила и издржливост.

Заклучок

Достапни се докази во изобилство кои покажуваат дека зелката има поголема медицинска вредност од која било друга природна храна. Помага да се излечи чир на желудник и може да помогне да се превенира рак. Ризикот од рак на дебело црево, рак на простата и рак на дојка се минимизира со добри количини на зелка во исхраната. Всушност, некои истражувања покажуваат дека дигестијата на зелката може да биде поефикасен третман од кој било друг третман.

Исецкана во ладни салати за вкусен крцкав вкус, додадена на супи од зеленчук за задоволувачки вкус или дури и цедена, зелката е навистина супер храна.

Извори:

Adams, M. (2009). Stop stomach ulcers with the miracle remedy of cabbage. Natural News.

Williams, D. E., & Rumbel, H. P. (2017). Indole-3-Carbinol. Linus Pauling Institute.

Zickute, J., Strumylaite, L., Dregval, L., Petrauskiene, J., Dudzevicius, J., & Stratilatovas, E. (2005). Darzoviu bei vaisiu vartojimas ir skrandzio vezio rizika [Vegetables and fruits and risk of stomach cancer]. Medicina (Kaunas, Lithuania), 41(9), 733–740.