За што е добар кромидот?

Ботаничко име: Allium cepa

Без разлика дали е бел, жолт или црвен, кромидот е еден од најпопуларните и најразноврсни зеленчуци во светот со силен мирис. Се користи за ладни салати и жешки супи, исечен на прстени или дискови во сендвичи и ситно исецкан во мезе. Вкусната карамелизација што се случува кога кромидот се пржи, се должи на неговата висока содржина на шеќер.

(Пробајте го испржен со пиперки како вкусна состојка за фахита.) Шпанскиот црвен кромид е генерално поблаг од белиот и жолтиот. Сортата Vidalia е една од најблагите сорти кромид.

Остриот мирис и вкус на кромидот се должат на сулфурното соединение алил пропил дисулфид; заради алил сулфидот плачете кога сечете кромид, што всушност има добра цел – миење на тенкиот епителен слој на очите.

Овој ефект може да се минимизира со држење на излупениот кромид под ладна вода за време од неколку секунди.

Здравствени придобивки од јадењето кромид

Кромидот нуди бројни здравствени придобивки, а научниците сè уште откриваат колку е всушност корисен овој зеленчук.

Кромидот е многу добар извор на витамин Ц и Б6, железо, фолна киселина и калиум. Содржината на магнезиум во кромидот дава олеснување на симптомите на настинка и грип со своите антивоспалителни својства.

Двете фитохемикалии (хранливи материи со растително потекло) во кромидот – алиум и алил дисулфид – се претвораат во алицин кога главицата се сече или толче, што се должи на активирањето на ензимите. Истражувањата покажуваат дека овие соединенија имаат својства за борба против рак и дијабетес, а исто ја намалуваат и нееластичноста на крвните садови со ослободување на азотен оксид. Тоа може да го намали крвниот притисок, да го инхибира создавањето на тромбоцитен тромб и да помогне во намалување на ризикот од коронарна артериска болест, периферна васкуларна болест и мозочен удар.

Репутацијата што ја има кромидот во превенцијата на болести се должи на значајните количини на полифеноли (други фитохемикалии во кромидот) и антиоксидантниот флавоноид наречен кверцетин (кој има докажани антиканцерогени, антивоспалителни и антидијабетични својства).

За среќа, готвењето на кромидот во супите не ја намалува вредноста на кверцетинот – едноставно се пренесува во супата. Флавоноидите во кромидот се поконцентрирани во надворешните слоеви, затоа отфрлајте ги колку што е можно помалку.

Истражувања за кромидот

Истражувањата прикажуваат цврсти докази дека јадењето кромид може значително да го намали ризикот од рак на желудник. Во едно истражување, се забележува дека корисните ефекти на екстрактот од црвен, жолт и бел кромид се должат на нивната антиоксидантна и антимутагена (не дозволува мутација на клетките) активност, која што е подобра отколку на бутилираниот хидрокситолуен (BHT), синтетска хемикалија што се додава на производите како конзерванс, и аскорбинската киселина. Се забележува и зголемена активност на чистење од слободните радикали, во зависност од концентрацијата.

Здрав рецепт со кромид – Блитва со црвен кромид

Состојки:

  • 1 среден црвен кромид, исечен на полумесечини
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1 китка блитва или спанаќ, ситно исецкан/а
  • 1 лажичка тамари соја сос
  • 1 лажичка сок од лимон

Постапка:

  1. Ставете го исечениот кромид во тава со кокосово масло. Гответе околу 3 минути.
  2. Додадете ја блитвата, гответе уште 2 минути, а потоа додадете го тамари соја сосот и сокот од лимон. Гответе уште 2 минути.
  3. Ставете ја смесата во сад со средна големина и послужете. Се добиваат 4 порции.

(Од „Здрави рецепти за вашиот начин на исхрана“ – “Healthy Recipes For Your Nutritional Type” од д-р Меркола)

Забавни факти за кромидот

Пронајдени се египетски мумии со кромид сместен во нивниот карличен регион, во ушите, на стапалата и на нозете. Расцветан кромид понекогаш бил ставан на нивните гради. Кралот Рамзес IV, кој починал во 1160-тата п.н.е., бил најден со кромид во очите.

Заклучок

Од почетокот на времето, кромидот се користел за да додаде вкус во многу рецепти и се додавал во древните мешавини за медицински цели.

Современата медицина наоѓа дека кромидот е многу корисен за речиси секоја област од телото, од одржување на здравјето на клетките до превенција на воспаление и прочистување на крвта.

Кромидот исто се додава во кујните насекаде во светот со што обезбедува добар соленикав зачин кој добро се меша со другите производи.

Извори:

Bianchini, F., & Vainio, H. (2001). Allium vegetables and organosulfur compounds: do they help prevent cancer?. Environmental health perspectives, 109(9), 893–902. https://doi.org/10.1289/ehp.01109893

Shon, M-Y., Choi, S-D., Kahng, G-G., Nam, S-H., Sung, N-J. (2004). Antimutagenic, antioxidant and free radical scavenging activity of ethyl acetate extracts from white, yellow and red onions. Food and Chemical Toxicolоgy; 42(4):659–66

error: Внимание: Содржината е заштитена!