Пченична трева – зелено злато

Сокот од пченична трева е најдобриот лек на природата. Се работи за моќна концентрирана хранлива течност. 55 ml сок од пченична трева има хранлива вредност како 2,3 kg од најдобриот сиров органски зеленчук.

На пример, пченичната трева има два пати повеќе витамин А од морковот, а има повеќе витамин Ц од портокалот! Ги содржи сите витамини од Б групата, како и калциум, фосфор, магнезиум, натриум и калиум во избалансиран сооднос. Пченичната трева е комплетен извор на протеини, обезбедувајќи ги сите есенцијални аминокиселини и повеќе од тоа. 20 % од вкупниот број на калории во пченичната трева доаѓаат од протеините. Тие протеини се во форма на полипептиди, поедноставни и пократки ланци на аминокиселини кои телото ги искористува поефикасно во крвта и ткивата.

Во прилог на преплавување на телото со терапевтски дози на витамини, минерали, антиоксиданси, ензими и фитонутритиенти, пченичната трева е исто така и моќен детоксификатор, особено на црниот дроб и крвта.

Помага во неутрализирање на токсини и загадувачи од животната средина во телото со содржината на корисни ензими кои нè заштитуваат од карциногените, вклучувајќи супероксид дисуматаза (СОД), што го намалува ефектот од зрачење и ја олеснува дигестијата на токсините во телото.

Го прочистува телото од глава до пети од какви било тешки метали, загадувачи и други токсини кои може да се складираат во ткивата и органите во телото.

Сокот од пченична трева треба да се консумира свеж – во рок од 15 минути откако ќе го подготвите, за најдобри резултати. Сокот секогаш треба се пие неразреден и на празен желудник, со цел хранливите материи да се апсорбираат поефикасно.

Суплементите со пченична трева во вид на прав од пченична трева која претходно била исушена и замрзната не се ни оддалеку ефикасни како свежиот сок од пченична трева. Едно истражување открива дека суплементите со пченична трева и замрзнатиот исушен прав се само 2 % ефикасни во споредба со свежиот сок од пченична трева кога се консумира во рок од 15 минути. Хранливите материи брзо почнуваат да оксидираат (да се разложуваат) кратко по цедењето.

Кога се консумира свеж, тој е жива храна и има биоелектрицитет. Високата вибрациона енергија е буквално животната сила внатре во сокот. Овој извор на животна енергија може потенцијално да ослободи моќни обновувачки вибрации и поголема поврзаност со сопственото внатрешно битие. Овие моќни хранливи материи исто така може да превенираат и уништување на ДНК, и може да нè заштитат и од тековните ефекти на предвременото стареење и клеточното распаѓање.

Неодамнешно истражување покажува дека само природните производи и сокови може повторно да го вратат електричниот полнеж помеѓу капиларите и клеточниот ѕид, што го зајакнува имунолошкиот систем. Кога е свеж, сокот од пченична трева е крал на природните сокови.

Меѓу другите нешта, сокот од пченична трева е особено богат со хлорофил. Пченичната трева ја прочистува и изградува крвта што се должи на високата содржина на хлорофил. Хлорофилот е првиот производ на светлината и затоа содржи повеќе исцелувачки својства од кој било друг елемент. Целиот живот на оваа планета доаѓа од сонцето. Само зелените растенија можат да ја преобразат сончевата енергија во хлорофил преку процесот на фотосинтеза. Хлорофилот е познат како „крв“ што има дава живот на растенијата. Овој важен фитонутритиент е тоа што им е потребно на нашите клетки за да се излекуваат и за да напредуваат. Пиењето сок од пченична трева е како пиење сончеви зраци во вид на течност.

Хлорофилот носи висока концентрација на кислород (меѓу останатите нешта) кој е особено моќен во помагање при нормализирање на абнормалности во телото. Високата содржина на кислород во хлорофилот помага да се достави повеќе кислород во крвта.

Со редовно пиење на сок од пченична трева и користење на импланти од сок од пченична трева се зголемува бројот на црвени крвни клетки и се зголемува концентрацијата на кислород во крвта. Тој показател е клучен индикатор за здраво опоравување од абнормалности и болести. Кислородот е од витално значење за многу телесни процеси, особено за мозокот кој користи 25 % од кислородот во телото. Високата содржина на кислород овозможува поддршка за здраво тело.

Извори:

Amici, M., Bonfili, L., Spina, M., Cecarini, V., Calzuola, I., Marsili, V., Angeletti, M., Fioretti, E., Tacconi, R., Gianfranceschi, G. L., & Eleuteri, A. M. (2008). Wheat sprout extract induces changes on 20S proteasomes functionality. Biochimie, 90(5), 790–801. https://doi.org/10.1016/j.biochi.2007.12.001

Bar-Sela, G., Tsalic, M., Fried, G., & Goldberg, H. (2007). Wheat grass juice may improve hematological toxicity related to chemotherapy in breast cancer patients: a pilot study. Nutrition and cancer, 58(1), 43–48. https://doi.org/10.1080/01635580701308083

Ben-Arye, E., Goldin, E., Wengrower, D., Stamper, A., Kohn, R., & Berry, E. (2002). Wheat grass juice in the treatment of active distal ulcerative colitis: a randomized double-blind placebo-controlled trial. Scandinavian journal of gastroenterology, 37(4), 444–449. https://doi.org/10.1080/003655202317316088

Kohler, G. O., Elvehjem, C. A., & Hart, E. B. (1936). GROWTH STIMULATING PROPERTIES OF GRASS JUICE. Science (New York, N.Y.), 83(2158), 445. https://doi.org/10.1126/science.83.2158.445

Lakhanpal, R. K., Davis, J. R., Typpo, J. T., & Briggs, G. M. (1966). Evidence for an unidentified growth factor(s) from alfalfa and otherplant sources for young guinea pigs. The Journal of nutrition, 89(3), 341–346. https://doi.org/10.1093/jn/89.3.341

Marawaha, R. K., Bansal, D., Kaur, S., & Trehan, A. (2004). Wheat grass juice reduces transfusion requirement in patients with thalassemia major: a pilot study. Indian pediatrics, 41(7), 716–720.

Mueller, T., Jordan, K., & Voigt, W. (2011). Promising cytotoxic activity profile of fermented wheat germ extract (Avemar®) in human cancer cell lines. Journal of experimental & clinical cancer research : CR, 30(1), 42. https://doi.org/10.1186/1756-9966-30-42