Што му се случува на вашето тело доколку седите предолго?

Доказите покажуваат дека продолженото седење е катастрофално за вашето здравје. Активно промовира голем број на хронични болести, вклучувајќи дебелина и дијабетес тип 2, дури и ако сте во добра физичка состојба.

Истражувања за животот во земјоделските средини покажуваат дека луѓето во земјоделските села седат околу три часа дневно. Во меѓувреме, просечен човек во канцеларија може да седи од 13 до 15 часа дневно, а истражувањето покажува дека интензивното вежбање не може да ги отстрани негативните ефекти од продолженото седење.

За среќа, лекот е едноставен – избегнувајте седење и внесете повеќе движење во вашиот живот. Повеќе од веројатно можете да ја избегнете штетата од продолженото седење доколку седите помалку од три часа на ден.

Скоро секое движење е доволно, а корисни се и вежбите со телесната тежина, и погодни се за повеќето луѓе, без разлика на нивното фитнес ниво, како и јогата. Покрај тоа, стоењето колку што е можно повеќе, по можност да се работи на маса што се подига за работење стојеќи, во голема мера ќе ја олесни вашата способноста да реплицирате одредени модели на движење.

Зошто седењето толку многу му наштетува на здравјето, а зошто стоењето промовира физичко здравје?

Како што објаснува д-р Левин, кој посветил добар дел од својата кариера на истражување на здравствените ефекти од седењето, кога седите подолг период на време и потоа ќе станете, се случуваат голем број на молекуларни каскади.

На пример, за време од 90 секунди стоење, се активираат мускулните и клеточните системи што го обработуваат шеќерот во крвта, триглицеридите и холестеролот – кои се посредувани од инсулинот.

Колку и да звучи изненадувачки, сите тие молекуларни ефекти се активираат едноставно со носење на вашата телесна тежина од страна на вашите нозе. Тие клеточни механизми исто така се одговорни и за носење на гориво за енергија во вашите клетки и доколку се прави тоа редовно, радикално ќе го намали ризикот од дијабетес и дебелина.

Накратко, на молекуларно ниво човечкото тело е направено да биде активно и да се движи цел ден. Прекинување на движењето за одредени периоди на време е како да му кажувате на вашето тело дека е време да се исклучи и да се подготви да умре. Како што е наведено од страна на д-р Левин, иако јасно ни треба време за да се одмориме одвреме-навреме, одморот треба да ја прекине активноста, а не обратно. Неактивноста, седењето, не треба да биде начин на живот. „Оваа многу неприродна положба (седењето) не само што е лоша за вашиот грб, вашите зглобови, вашите раце и вашиот метаболизам, туку всушност ги исклучува основните енергетски системи кои го интегрираат она што се случува во крвотокот со тоа што се случува во мускулите и ткивата.“ – вели тој.

Како последица на седењето, се зголемуваат вашите концентрации на шеќер во крвта, крвниот притисок, холестеролот и токсините. Решението за овие несакани настани не вклучува рецепт за лек – сè што треба да направите е да станете и да избегнувате седење колку што е можно. Бидејќи повеќето од нас живеат живот што се врти околу стол во канцеларија, седиште во кола и кревет, повеќето треба да откријат како да ги елиминираат многуте часови поминати во седење секој ден. Како почетен општ водич, д-р Левин предлага стоење 10 минути од секој час. Ако седите цел час, седите предолго.

Направете го одењето дел од вашата дневна рутина

Претходно препорачував станување од вашата работна маса и правење вежби на секои 10-15 минути за да се отстранат штетните ефекти од седењето, но по разгледувањето на ова прашање со д-р Левин и по читањето на неговата книга, убеден сум дека тоа е сепак недоволно. Мислам дека одговорот е да се станува колку што е можно повеќе. Стоењето 10 минути од секој час поминат во седење е навистина минимум. Далеку помудро е да се стремиме да седиме колку што е можно помалку, во секој случај помалку од три часа на ден.

Издвојте одредено време од денот за прошетка или извршувајте ги вашите секојдневни задачи пеш. Шетајте го вашето куче; пазарувајте пеш. Ако можете тоа да го направите ваша рутина, тогаш поверојатно ќе продолжите да го правите.

Тренирање со телесната тежина

Сè што ви треба за да ги правите овие вежби е вашето сопствено тело. Тежината на телото го обезбедува целиот отпор што ви е потребен за да бидете во добра физичка форма, а исто така не ви треба ни личен тренер за да ви направи совршен систем на тренирање.

Придобивките вклучуваат целосен развој на мускулите и силата, кардиоваскуларен фитнес, подобрување на рамнотежата и флексибилноста.

Моќни јога движења

Јогата е друга форма на вежбање со која се напрегате себе. А иако е секако добра за зголемување на флексибилноста, нејзините придобивки не завршуваат тука. Јогата исто така помага да се подобри и мускулниот тонус и сила.

Според еден нов преглед на 37 клинички тестови, доказите исто така укажуваат дека може да помогне и во подобрување на здравјето на срцето со намалување на факторите за срцеви заболувања, како телесната тежина, крвниот притисок и концентрацијата на холестерол.

д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Warren, T. Y., Barry, V., Hooker, S. P., Sui, X., Church, T. S., & Blair, S. N. (2010). Sedentary Behaviors Increase Risk of Cardiovascular Disease Mortality in Men. Medicine & Science in Sports & Exercise, 42:5;879-885 doi: 10.1249/MSS.0b013e3181c3aa7e