За што е добар целерот?

Бидејќи е зеленчук со висока содржина на вода, целерот бара плодна, влажна почва. Ова можеби објаснува зошто ова растение има потекло од Шведска, јужно од Алжир, Египет, Азија и Каваказ во Индија.

Кога целерот се вари или бланшира (потопува во вода што врие), може да изгуби повеќе од третина од хранливите материи. За да се зачува најголем дел од неговата хранлива содржина, најдобар метод е варење на пареа. Истражувањата покажуваат дека варењето на пареа, дури и само 10 минути, задржува 83 – 90 % од антиоксидантите со кои е преплавен целерот.

Сировиот целер можете да го чувате во фрижидер од пет до седум дена, но покажува тенденција да го апсорбира мирисот од другите производи, па затоа чувајте го одвоено во затворен контејнер.

Здравствени придобивки од целерот

Целерот има неверојатно малку калории – само 16 во една порција од една чаша. Тоа е една причина зошто е толку популарен помеѓу луѓето кои внимаваат на исхраната. Во исто време, целерот има висока содржина на влакна, што овозможува храната да се движи низ дигестивниот тракт побрзо, а со тоа помага да се намали вашиот ризик од рак на дебело црево.

Интересното за овој зеленчук се многуте различни витамини и минерали што ги нуди – по малку од сè за добар баланс – од дневната препорачана вредност, 9 % витамин А и фолна киселина, 8 % калиум и 2 – 5 % манган, како и бакар, фосфор, магнезиум и калциум од минералите.

Од витамините: витамин Ц, пантотенска киселина, витамин Б6, ниацин и рибофлавин. Витаминот К има највпечатлива улога – 37 % од дневната препорачана вредност во една чаша целер.

Целерот е богат извор на флавоноиди како зеаксантин, лутеин и бета-каротин, заради што истражувањата покажуваат дека го намалува воспалението, како и ризикот од срцеви заболувања, го подобрува имунолошкиот систем и го инхибира растот на абнормални канцерозни клетки. Антиоксидансите во целерот вклучуваат природни фенолни дихидростилбеноиди, како лунуларин и фуранокумарини како бергаптен и псорален. Флавоноидите кверцетин и кемпферол се исто така присутни.

Листовите на целерот (што содржат најмногу витамин Ц, калциум и калиум) и семето на целерот содржат голем број на етерични масла како терпени (кои претежно се состојат од лимонен) и сесквитерпени бета-селинен и хумулен.

Соединението 3-н-бутил фталид, што му ја дава свежината на целерот, може да помогне во намалување на холестеролот и намалување на крвниот притисок со опуштање на мускулите на крвните садови. Кумарините делуваат како антикоагуланти, а линолната киселина е омега 6 масна киселина. Тоа што го прават овие и сите други состојки за телото е навистина импресивно.

Истражувања за целерот

Губитокот на меморијата може да биде стопиран со вклучување на целерот во исхраната, според едно истражување од 2010-тата година на Универзитетот во Илиноис. Лутеолин, хранлива материја присутна во целерот, испитуван е кај 2-годишни глувци, а изоставен е кај глувци на возраст од три до шест месеци. Резултатите покажуваат дека очекуваното воспаление на мозокот и последователниот губиток на меморијата кај повозрасните глувци не е присутен. Всушност, задачите со учење и помнење ги изведуваат подобро од помладите глувци. Научниците веруваат дека информациите укажуваат на тоа дека содржината на лутеолин во целерот може да го подобри губитокот на меморијата и воспалението на мозокот поврзано со стареењето што резултира со подобро когнитивно здравје.

Исто така е покажано дека апигенинот во целерот и магдоносот драстично ги инхибира канцерозните клетки кај рак на дојка во едно познато истражување на Универзитетот во Мисури. Научниците наоѓаат дека апигенинот намалува одреден тип на рак на дојка стимулиран од прогестинот, синтетички хормон што го земаат жените за симптомите на менопауза.

Иако беше покажано дека апигенинот е природно флавоноидно соединение одговорно за инхибиција на канцерозните клетки на рак на дојка, не е тестиран против рак на панкреас. Направено е едно истражување во кое многу хемотерапевтски агенси се користени за третман на рак на панкреас, но без успех. Како заклучок, исто така објавено е дека апигенинот има способност да инхибира раст на четири линии на канцерозни клетки кај рак на панкреас.

Здрави рецепти со целер – Салата од целер и мандарини со глуварче

Состојки:

  • 1 китка исецкано глуварче или спанаќ
  • 1 средно голем зелен лимон, исцеден
  • лажичка хималајска сол
  • 1 китка целер со средна големина, рендан
  • 10 средно големи листови босилек, ситно исецкани
  • 1 средно голема мандарина, исечена на мали парчиња
  • ¼ чаша ореви од бор, печени

Прелив:

  • 1 средно голема мандарина, исцедена
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сок од зелен лимон
  • ½ лажичка рендана кора од мандарина
  • 1 лажичка мед (по избор)

Постапка:

  1. Измијте ги и исечете ги листовите од глуварчето на парчиња од 1 cm и отстранете ги тврдите краеви. Посипете го сокот од зелен лимон врз исечените листови и додадете ја солта.
  2. Масирајте ги листовите од глуварчето со сокот од зелен лимон и солта околу 3 минути или додека целосно не омекнат.
  3. Додадете го ренданиот целер, листовите од босилек и мандарината. Додадете ги печените ореви од бор и измешајте сè заедно.

Се добиваат четири порции.

Интересни факти за целерот

Во медицинските анали од 9-тиот век целерот е попознат по неговата употреба како лек отколку како храна. Во средниот век, целерот станува познат зеленчук во Европа.

Заклучок

Миризлив и крцкав, целерот е еден од најпознатите и најкористените зеленчуци на планетата. Како што е вкусен сам по себе, така е вкусен и во салати, пржен зеленчук, како и во супи. Оваа бледо зелена градина нуди исто така и многу хранливи материи.

Со векови, целерот и семето од целер се користи во ајурведската медицина во третман на настинка и грип, слаба дигестија, артритис и нарушувања на црниот дроб и слезенката. Денес е познат и како диуретик, заради големата содржина на вода. Истражувањата исто така ја потврдуваат неговата ефикасност во заштитата од комарци. Но клучот е во неговото консумирање.

Целерот е богат со електролити и има ефект на ладење на телото, што може да се поврзе со неговата способност за борба против воспаление. На целерот исто така можете да сметате и за намалување на оксидативниот стрес на срцето, а помага и во прочистување на дигестивниот систем. Истражувањата исто така наоѓаат дека апигенинот во целерот има способност за инхибиција на рак на дојка и рак на панкреас, а лутеолинот ја подобрува когнитивната функција. Само овие нешта сами по себе се добра причина да го зголемите вашиот внес на целер.

Извори:

Jang, S., Dilger, R. N., & Johnson, R. W. (2010). Luteolin inhibits microglia and alters hippocampal-dependent spatial working memory in aged mice. The Journal of nutrition, 140(10), 1892–1898. https://doi.org/10.3945/jn.110.123273

Mafuvadze, B., Cook, M., Xu, Z., Besch-Williford, C. L., & Hyder, S. M. (2013). Effects of Dietary Apigenin on Tumor Latency, Incidence and Multiplicity in a Medroxyprogesterone Acetate- Accelerated 7,12-Dimethylbenz(a)anthracene-Induced Breast Cancer Model. Nutrition and Cancer, 65:8, 1184-1191. https://doi.org/10.1080/01635581.2013.833637

Ujiki, M. B., Ding, X. Z., Salabat, M. R., Bentrem, D. J., Golkar, L., Milam, B., Talamonti, M. S., Bell, R. H., Jr, Iwamura, T., & Adrian, T. E. (2006). Apigenin inhibits pancreatic cancer cell proliferation through G2/M cell cycle arrest. Molecular cancer, 5, 76. https://doi.org/10.1186/1476-4598-5-76