За што се добри бананите?
Ботаничко име: Musa acuminate colla
Постојат многу причини зошто бананите се едни од најпопуларните производи во светот. Нудат совршено голема порција, доаѓаат спакувани во нивната природна заштитна обвивка и се исклучително економични. Свежи и кремасти, бананите добро се мешаат со други овошја и се омилен предлог за ужинка.
Едни од најодгледуваните тропски овошја, бананите се тесно поврзани со плантаните, кои се подолги и потемни. Бананите со векови се користеле за смирување на иритиран желудник (вклучувајќи утринска мачнина), намалување на стресот, намалување на срцева болка, олеснување на запек, ублажување на симптоми на ПМС, лекување на брадавици и стимулирање на моќта на мозокот. Може сепак има нешто во таа медицинска употреба…
Здравствени придобивки од бананите
Бананите содржат многу добри нешта кои промовираат здравје – флавоноиди и полифеноли како лутеин, зеаксантин, алфа-каротин и бета-каротин, кои делуваат како антиоксиданси голтајќи ги слободните радикали. Исто така имаат и висока содржина на витамин Ц, најпознат по своите својства во борбата против инфекции.
Само една банана содржи 467 mg калиум, кој е важен за контролата на работата на срцето и крвниот притисок. Ова е интересно бидејќи истата количина на банана има 1 mg натриум. Витаминот Б6 (пиридоксдин) во бананите обезбедува околу 28 % од дневната вредност потребна да се превенира анемија и коронарна артериска болест.
Тоа е само еден дел. Влакната присутни во изобилство во бананите помагаат во регулација на вашиот дигестивен систем. Магнезиумот помага да се зајакнат вашите коски и го заштитува вашето срце. Манганот е потребен за се активира антиоксидантниот ензим. Една банана обезбедува соодветна количина на бакар потребна за да продолжи да се создаваат црвените крвни клетки.
Забелешка: Бананите можете и да ги замрзнете, а доколку ги чувате во фрижидер, ќе потемнат.
Истражувања за бананите
Едно истражување покажува дека помеѓу овошјето и зеленчукот поврзани со намалување на вашиот ризик од рак на бубрег, бананите се највисоко рангирани. Друго истражување покажува дека бананите, богати со витамин А и каротеноиди, имаат потенцијал да ве заштитат од хронични болести како дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и различни типови на рак.
Уште повеќе позитивни докази за поединечните здравствени придобивки на бананите се појавија во едно истражување што покажува важна поврзаност помеѓу храната што содржи високи концентрации на калиум, магнезиум, калциум и влакна – како бананите, на пример – и намалувањето на ризикот од мозочен удар кај мажите.
Здрави рецепти со банана – Мафини со банана
Состојки:
- 1 ¼ чаша оризово брашно
- ¼ лажичка сол
- 1 ½ лажичка прашок за пециво
- ¼ чаша ореви, печени и исецкани
- 2 коцки незасолен путер, размекнат
- ⅓ чаша мед
- 1 ½ чаша пасирани банани
- 2 јајца, изматени
Постапка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Распоредете ги оревите во еден слој на плех за печење и печете 10 минути. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат. Исецкајте ги кога ќе бидат доволно изладени за да можете да работите со нив.
- Во сад со средна големина ставете го брашното, солта, прашокот за пециво и оревите.
- Во мал сад ставете го путерот и медот, и добро измешајте додека не добиете кремаста конзистенција. Додадете ги бананите и изматените јајца.
- Додадете ја смесата од путерот и бананите на смесата од брашното, и нежно измешајте. Со лажица сипете од добиената смеса во подмачкан сад за печење со форма на мафини.
- Печете 35 до 40 минути.
Интересни факти за бананите
Бананите најверојатно потекнуваат од Малезија, од каде биле пренесени во Индија од страна на раните истражувачи, каде за прв пат се среќаваат во будистички записи од 6-иот век п.н.е. Александар Велики за прв пат пробал банана кога бил во Индија и се смета дека тој ја донел бананата во западниот свет.
Заклучок
Листата „Зошто се толку здрави“ е долга – добро нешто е што бананите се толку лесни за јадење! Калиум, витамин А, Ц и Б6, влакна, флавоноиди и антиоксиданси – сè е тука, спакувано во лесно достапно, добро заштитено пакување.
Ова тропско овошје што практично беше непознато до пред еден век во Северна Америка, Европа и дури и во Кина, сега е се поприсутно во секојдневната исхрана. Дури можете и да ги исушите и да ги јадете посебно или како дел од енергетска мешавина.
Колку тенки и да ги исечете парчињата, бидете сигурни дека се добри и се добри за вас.
Сепак, јадете банани умерено бидејќи содржат фруктоза, која што може да биде штетна за вашето здравје ако ја консумирате во прекумерни количини.
Извори: