Зошто е лукот извонредно здрав?

Ботаничко име: Allium sativum

Почитуван во Египет по своите лековити својства и ценет во италијанската, азиската и индиската кујна, лукот е наречен „смрдлива роза“ со добра причина. Тесно поврзан со кромидот, лукот е луковиден корен со неоспорливо јак мирис. Се спомнува во историски документи што датираат од пред 5 000 години, пред неговата слава нашироко да продре низ целиот свет.

Лукот се бори против 160 болести, вклучувајќи го и ракот

Истражувања ги покажуваат ефектите на лукот кај повеќе од 160 различни болести. Општо, неговите придобивки може да се класифицираат во четири категории:

  1. Намалување на воспаление (го намалува ризикот од остеоартритис и други заболувања поврзани со воспаление)
  2. Зголемување на функцијата на имунолошкиот систем (антибактериски, антигабични, антивирусни и антипаразитарни својства)
  3. Подобрување на кардиоваскуларното здравје и циркулацијата (штити од згрутчување, го забавува формирањето на плаки, ги подобрува мастите и го намалува крвниот притисок)
  4. Токсичен за 14 видови на клетки зафатени од рак (вклучувајќи рак на мозок, бели дробови, дојка, желудник и панкреас)

Истражувања за лукот

Иако лукот долго е признат како здрава храна од поборниците и на природната и на конвенционалната медицина, едно истражување ги истакнува неговите својства во борбата против ракот и во превенцијата на неколку типови на рак, вклучувајќи рак на дебело црево, желудник, бели дробови и колоректален рак, а можеби и рак на дојка. Друго истражување ја документира употребата на свежиот лук, лук во прав и масло од лук низ целиот свет со векови, за заштита од бактериски, вирусни и паразитарни инфекции, да се зајакне имунолошкиот систем, да се сопре раст на тумори и за ослободување на клетките од слободни радикали со неговите антиоксидантни способности.

Повеќе истражувања покажуваат врска помеѓу лукот и отстранувањето на тешки метали од телото, како олово, жива, кадмиум и арсен. Едно истражување покажува значајно намалување на содржината на олово како резултат на одредени концентрации на екстракт од лук во црниот дроб, бубрезите, мозокот и коските, што укажува дека лукот може да се користи за да се хелираат или отстранат опасните концентрации на олово од телото.

За секојдневните придобивки од лукот, едно истражување објавува дека лукот е подобар заштитник на срцето кога се јаде сиров и свежо мелен, отколку термички обработен или преработен на друг начин.

Лукот докажано е корисен бидејќи нуди уникатен сет на соединенија што содржат сулфур, а кои што имаат антивоспалителни и антиоксидативни својства, што го прават идеален за кардиоваскуларна поддршка, особено против хронични дегенеративни кардиоваскуларни состојби како атеросклероза.

Антиоксиданси, витамини и минерали за протеински еликсир за здравје

Лукот ви обезбедува одлични количини на магнезиум – 23 % од дневната вредност – содржејќи есенцијални ензими и антиоксиданси што изведуваат бројни функции во телото, вклучувајќи здраво формирање на коски и сврзно ткиво, метаболизам на коски, апсорпција на калциум и соодветна тироидна функција, колку да спомнеме неколку. Лукот исто содржи 17 % од дневната вредност на витамин Б6 и 15 % од дневната вредност на витамин Ц, како и добри количини на калциум, фосфор и селен.

Другите соединенија што промовираат здравје вклучуваат олигосахариди, протеини богати со аргинин, селен и флавоноиди. Медицинскиот центар на Универизтетот во Мериленд сумира некои од неговите употреби што најмногу ветуваат:

„…лукот се користи за да помогне во превенција на срцеви заболувања, вклучувајќи атеросклероза или стврднување на артериите (натрупување на плаки во артериите што може да го блокира протокот на крв и може да доведе до срцев удар или мозочен удар), висок холестерол, висок крвен притисок и за да се зајакне имунолошкиот систем. Редовното јадење лук може исто така да помогне и во заштита од рак.

Лукот е богат со антиоксиданси. Во вашето тело, како што стареете се натрупуваат штетни честички наречени слободни радикали кои може да придонесат за срцеви заболувања, рак и Алцхајмерова болест. Антиоксидансите, како тие што се наоѓаат во лукот, се борат со слободните радикали и може да ги намалат, и дури и да помогнат да се спречи дел од штетата предизвикана со тек на време.“

Како да изберете лук и како да го чувате

Можете да купите сушен лук, лук во прав или намаз од лук, но ако навистина сакате да го доживеете вкусот и хранливите придобивки од оваа билка, ваш прв избор е свеж лук – лесно е достапен на пазарот преку целата година.

Барајте топчести главици со здрава лушпа, а не меки, збрчкани, влажни или главици со никулци. Секој знак на распаѓање може значително да влијае на вкусот и текстурата на билката.

Друг тест за квалитет: нежно притиснете ја главицата меѓу вашите прсти. Ако е цврста и не е влажна, тогаш избирате лук со добар квалитет.

Свежиот лук најдобро се чува во отворен или лабаво затворен сад, на ладно и темно место, подалеку од топлина и сончева светлина. Тоа помага да се спречи ‘ртењето.

Нема потреба да се чува во фрижидер. Некои луѓе замрзнуваат излупен лук, но бидете предупредени дека тоа ќе го намали неговиот вкус и ќе предизвика негативни промени во неговата текстура.

Се додека се чуваат правилно, целите главици лук може да останат свежи до еден месец. Трикот е редовно да се проверуваат и да се отстрануваат чешнињата што се суви или влажни. Запомнете дека кршењето на главата на лукот исто го намалува неговиот живот на полица на само неколку дена.

Извори:

Bianchini, F., & Vainio, H. (2001). Allium vegetables and organosulfur compounds: do they help prevent cancer?. Environmental health perspectives, 109(9), 893–902. https://doi.org/10.1289/ehp.01109893

Goncagul, G., & Ayaz, E. (2010). Antimicrobial effect of garlic (Allium sativum). Recent patents on anti-infective drug discovery, 5(1), 91–93. https://doi.org/10.2174/157489110790112536

Mukherjee, S., Lekli, I., Goswami, S., & Das, D. K. (2009). Freshly Crushed Garlic is a Superior Cardioprotective Agent than Processed Garlic. Journal of Agricultural and Food Chemistry, 57(15):7137–44. https://doi.org/10.1021/jf901301w

Senapati, S. K., Dey, S., Dwivedi, S. K., & Swarup, D. (2001). Effect of garlic (Allium sativum L.) extract on tissue lead level in rats. Journal of Ethnopharmacolоgy, 76(3):229–32. https://doi.org/10.1016/S0378-8741(01)00237-9