За што е добро цвеклото?

Ботаничко име: Beta vulgaris

Наполеон издвоил 28 000 хектари за да го истражува потенцијалот на репката за добивање на шеќер. Во ерата на недостиг на шеќер заради блокади од војната, Франција тогаш била способна да произведува сопствен шеќер. Оттогаш, репките во различни бои и видови, вклучувајќи ја и шеќерната репка што денес е глобален извор на шеќер, нашироко се одгледуваат. Цвеклото обично се подготвува како варено, печено или кисело. Исто така може да се користи и сирово, рендано во салати, додавајќи специфичен вкус и боја.

Многу луѓе не ја сфаќаат важноста да се остават десетина сантиметри од стеблото на цвеклото кога се вари. Тоа е делот од каде што доаѓа темната црвена боја. Додавањето оцет помага да се зачува темната црвена боја. Цвеклото полесно се лупи откако ќе се свари, а тогаш се отстранува и остатокот од стеблото.

Здравствени придобивки од цвеклото

Иако цвеклото содржи повеќе шеќер од другите зеленчуци, содржи малку калории, масти и холестерол. Исто така е и одличен извор на влакна, витамин Ц, магнезиум и фолна киселина, со што помага во создавање и одржување на клеточната РНК и ДНК, и во превенција на анемија.

Исто така содржи и калиум, кој е неопходен за изградување на мускулите и регулирање на електричната активност на срцето; како и манган, кој помага во одржување на мускулната и нервната функција, изградување на силни коски, регулирање на нивото на шеќер во крвта и промовирање на здрав имунолошки систем.

Бетаин, аминокиселина присутна во цвеклото, го инхибира создавањето на канцерогени соединенија и штити од рак на дебело црево и рак на желудник.

Истражувања за цвеклото

Кога беше спроведено истражување за да се утврди антиоксидантната клеточна активност и капацитетот за апсорпција на кислородни радикали на 27-те најчесто користени зеленчуци во САД, беше покажано дека цвеклото заедно со брокулата и црвениот пипер имаат највисоки вредности. Консумирањето цвекло може да доведе до намален ризик од развој на хронични болести, како рак и кардиоваскуларни заболувања.

Едно истражување на Лондонската школа за медицина, болницата „Св. Бартоломеј“ („Бартс“) во Лондон и рускиот истражувач Михаил Томбак, открива нови информации за цвеклото.

Истражувањата покажуваат дека младите листови на цвеклото имаат поголема концентрација на железо од спанаќот и дека цвеклото е богато со фитонутритиенти со детоксифицирачки, антиоксидантни и антивоспалителни својства, способни да го контролираат ризикот од хипертензија и срцев напад.

Цвеклото е еден од најдобрите извори на лутеин и зеаксантин, исклучително корисни за здравјето на очите. Лабораториски испитувања на човечки туморски клетки покажуваат дека цвеклото значително го намалува растот на туморот. Дневно консумирање на сок од цвекло го зголемува протокот на крв во мозокот, што ја ограничува дегенерацијата на фронталниот лобус. Цвеклото исто така содржи и бетаин, со што го зголемува создавањето на серотонин во мозокот.

Здрави рецепти со цвекло – Салата со цвекло и рукола

Состојки:

  • 2 чаши рукола
  • ¼ чаша шери домати
  • 1 средно големо цвекло
  • 1 лажичка балсамик оцет
  • ½ чаша варен грашок
  • 1 лажичка ладно цедено маслиново масло

Постапка:

  1. Излупете го цвеклото, отсечете ги краевите и исечете го во вид на спирали.
  2. Исполнете го садот со рукола, грашок и домати. Додадете го цвеклото на крај.
  3. Попрскајте со оцет и масло. Уживајте!

Интересни факти за цвеклото

Заради неговата темно црвена боја и способност за обојување, сокот од цвекло може да се користи за обојување на велигденски јајца.

Заклучок

Иако можеби не е доволно ценето, многу луѓе уживаат во неговиот богат вкус, цврста текстура и интензивна боја. Киселото цвекло е популарен начин за подготвување на цвеклото со оцет, шеќер и цимет што му даваат интензивен вкус како неговата интензивна боја. Репките имаат разноврсна употреба, безброј хранливи квалитети и добро се чуваат.

Извори:

Kapadia, G. J., Azuine, M. A., Rao, G. S., Arai, T., Iida, A., & Tokuda, H. (2011). Cytotoxic effect of the red beetroot (Beta vulgaris L.) extract compared to doxorubicin (Adriamycin) in the human prostate (PC-3) and breast (MCF-7) cancer cell lines. Anti-cancer agents in medicinal chemistry, 11(3), 280–284. https://doi.org/10.2174/187152011795347504

Lechner, J. F., & Stoner, G. D. (2019). Red Beetroot and Betalains as Cancer Chemopreventative Agents. Molecules (Basel, Switzerland), 24(8), 1602. https://doi.org/10.3390/molecules24081602

Song, W., Derito, C. M., Liu, M. K., He, X., Dong, M., & Liu, R. H. (2010). Cellular antioxidant activity of common vegetables. Journal of agricultural and food chemistry, 58(11), 6621–6629. https://doi.org/10.1021/jf9035832