Супа од моркови и кокос

Супата може да биде извонредно вкусна и феноменално здрава ако ја направите со вистинските состојки. Во овој случај „вистинските“ состојки вклучуваат загревање на билки и зачини како ѓумбир, лук, куркума и пипер, во комбинација со крем од кокос, моркови и сладок компир за малку слаткост.

Што ја прави супата од моркови и кокос толку добра за вас?

Два збора – природни производи. Секоја состојка во оваа супа од моркови и кокос е вистинска; нема модифициран скроб, калиум хлорид, изолиран соин протеин, карамел боја или мононатриум глутамат (MSG), кои се примери за адитиви што обично се наоѓаат во конзервираните супи.

Кога правите домашна супа, ги контролирате состојките, што значи дека крајниот производ не само што е многу повкусен, туку исто така е и далеку поздрав. Во рецептот за супа од моркови и кокос што следува, ќе најдете богат асортиман на вистински супер производи, во кои ќе уживате со секоја лажица.

Кокосово млеко

Кокосовото млеко се добива од сок од рендано месо на кокосови ореви и вода. Околу 50 % од мастите во кокосовото масло се лауринска киселина, што ретко се наоѓа во природата. Вашето тело ја претвора лауринската киселина во монолаурин, моноглицерид што всушност може да уништи вируси со липидна обвивка, како вирусите предизвикувачи на херпес, грип, мали сипаници; и грам негативни бактерии и протозои како Giardia lamblia.

Лауринската киселина е масна киселина со среден ланец (medium chain fatty acid-MCFAs), која е лесно сварлива и лесно ја преминува клеточната мембрана. MCFAs веднаш се претвораат во вашиот црн дроб во енергија, наместо да бидат складирани како масти.
Има бројни истражувања што покажуваат дека MCFAs промовираат намалување на телесната тежина, вклучувајќи и едно истражување кое покажува дека кај стаорци хранети со MCFAs се намалуваат телесните масти и се подобрува чувствителноста на инсулин и толеранцијата на глукоза.

Друго истражување наоѓа дека луѓето со зголемена телесна тежина кои биле на исхрана богата со MCFAs изгубиле повеќе масно ткиво, што веројатно се должи на зголемената потрошувачка на енергија и оксидација на мастите поради внесот на MCFAs. Покрај тоа, кокосовото млеко е богато со антиоксиданси и хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, Е и Б витамини, магнезиум, калиум, фосфор и железо.

Моркови

Морковите се богати со бета-каротен (пре-витамин А), витамин К1, витамин Ц и калциум. Морковите може да ве заштитат од срцеви заболувања и мозочен удар, а истовремено ви помагаат да изградите силни коски и здрав нервен систем. Морковите особено се поврзани со 32 % помал ризик од коронарна срцева болест и го намалуваат ризикот од срцев удар кај жените.

Антиоксидансите во морковите, вклучувајќи го бета-каротенот, може исто така да помогнат и во превенција на рак. Едно истражување покажува дека пушачи кои јадат моркови повеќе од еднаш неделно имаат помал ризик од рак на бели дробови, додека исхрана богата со бета-каротен може исто така да ве заштити и од рак на простата.
Користењето на моркови за супа е идеално бидејќи хранливите материи како бета-каротенот и фенолните киселини се зголемуваат кога морковите се готват.

Кромид

Кромидот е богат со соединенија што содржат сулфур и други фитохемикалии кои може да го зајакнат срцето, да ве заштитат од рак и дијабетес, да ги зајакнат коските и многу повеќе.
Кромидот е антиалергиски, антихистамински, антивоспалителен агенс и антиоксиданс; и има особено висока концентрација на корисни полифеноли, повеќе полифеноли од лукот, празот, доматите и црвените пиперки.
Кромидот содржи бројни антиканцерогени соединенија, вклучувајќи кверцетин, за кој е докажано дека намалува иницијација на канцерозни тумори, а исто така инхибира и пролиферација на култивирани канцерозни клетки од рак на јајници, дојка и дебело црево.

Лук

Свежиот лук има моќни антибактериски, антивирусни, антигабични својства и ефекти што го зајакнуваат имунолошкиот систем. Другите компоненти што промовираат здравје вклучуваат олигосахариди, протеини богати со аргинин, селен и флавоноиди. Едно истражување открива дека како што алицинот се вари во вашето тело, произведува сулфенска киселина, соединение кое реагира со опасните слободни радикали побрзо од кое било друго познато соеднинение.

Ѓумбир

Ѓумбирот е еден од најдобрите природни лекови доколку се борите со гадење или мачнини при патување и има моќни антивоспалителни својства, што го прави вредна алатка во борба против болка. Ѓумбирот исто така има широк спектар на антибактериски, антивирусни, антиоксидантни и антипаразитарни својства, кои се само неколку од неговите повеќе од 40 фармаколошки дејства.
Ѓумбирот ветува многу во борбата против рак, дијабетес, неалкохолна масна болест на црниот дроб, астма, бактериски и габични инфекции, а бидејќи е термогена супстанца, исто така има и позитивно дејство врз метаболизмот и складирањето на масти.

Куркума

Куркумата содржи куркумин, полифенол кој е идентификуван како нејзина примарна активна состојка и има преку 150 потенцијални терапевтски дејства кои вклучуваат антиоксидантни, антивоспалителни и антиканцерогени својства. Куркуминот е способен да ја помине крвно-мозочната бариера, што е една од причините зошто ветува многу како нервнопротективен агенс кај широк спектар на невролошки нарушувања.
За куркуминот има најмногу литература базирана на докази што ја поддржува неговата употреба за рак.

Супа од моркови и кокос (4 порции)

За да се направи оваа супа потребни се 30 минути и е неверојатно вкусна и хранлива.

Состојки:

  • 1 голема главица кромид, исецкан
  • 2 лажички свеж ѓумбир, исецкан
  • 4 средни чешниња лук, исецкан
  • 1 лажичка кари во прав или куркума
  • 2 чаши исечени моркови на парчиња дебели околу 0,5 sm
  • 1 чаша сладок компир, исечен во вид на коцки со големина од околу 1 sm
  • 150 ml кокосово млеко
  •  сол и пипер по вкус

Упатства:

  1. Исечете го кромидот и оставете го да отстои барем пет минути за да ги даде своите здравствени придобивки.
  2. Додадете го лукот и ѓумбирот, и оставете ја мешавината да отстои уште една минута.
  3. Додадете кари во прав или куркума и измешајте ги добро со кромидот.
  4. Додадете ги морковите и слаткиот компир, и оставете ја мешавината да врие на средна температура додека не се размекне зеленчукот, околу 15 минути.
  5. Додадете го кокосовото млеко.
  6. Ставете ја смесата во блендер, но внимавајте блендерот да не биде полн повеќе од половина. Кога смесата е жешка, а блендерот преполн, смесата може да се излее надвор од блендерот и да ве изгори. Додадете сол и пипер по вкус.
  7. Вратете ја супата во тенџерето и подгрејте ја. 
д-р Меркола, експерт за природно здравје

Извори:

Galeone, C., Pelucchi, C., Levi, F., Negri, E., Franceschi, S., Talamini, R., Giacosa, A., & La Vecchia, C. (2006). Onion and garlic use and human cancer. The American journal of clinical nutrition, 84(5), 1027–1032. https://doi.org/10.1093/ajcn/84.5.1027

Gramenzi, A., Gentile, A., Fasoli, M., Negri, E., Parazzini, F., & La Vecchia, C. (1990). Association between certain foods and risk of acute myocardial infarction in women. BMJ (Clinical research ed.), 300(6727), 771–773. https://doi.org/10.1136/bmj.300.6727.771

Han, J., Hamilton, J. A., Kirkland, J. L., Corkey, B. E., & Guo, W. (2003). Medium-chain oil reduces fat mass and down-regulates expression of adipogenic genes in rats. Obesity research, 11(6), 734–744. https://doi.org/10.1038/oby.2003.103

Pisani, P., Berrino, F., Macaluso, M., Pastorino, U., Crosignani, P., & Baldasseroni, A. (1986). Carrots, green vegetables and lung cancer: a case-control study. International journal of epidemiology, 15(4), 463–468. https://doi.org/10.1093/ije/15.4.463

St-Onge, M. P., Ross, R., Parsons, W. D., & Jones, P. J. (2003). Medium-chain triglycerides increase energy expenditure and decrease adiposity in overweight men. Obesity research, 11(3), 395–402. https://doi.org/10.1038/oby.2003.53

Talcott, S. T., Howard, L. R., & Brenes, C. H. (2000). Antioxidant changes and sensory properties of carrot puree processed with and without periderm tissue. Journal of agricultural and food chemistry, 48(4), 1315–1321. https://doi.org/10.1021/jf9910178

Vaidya, V., Ingold, K. U., & Pratt, D. A. (2009). Garlic: source of the ultimate antioxidants–sulfenic acids. Angewandte Chemie (International ed. in English), 48(1), 157–160. https://doi.org/10.1002/anie.200804560

Wu, K., Erdman, J. W., Jr, Schwartz, S. J., Platz, E. A., Leitzmann, M., Clinton, S. K., DeGroff, V., Willett, W. C., & Giovannucci, E. (2004). Plasma and dietary carotenoids, and the risk of prostate cancer: a nested case-control study. Cancer epidemiology, biomarkers & prevention : a publication of the American Association for Cancer Research, cosponsored by the American Society of Preventive Oncology, 13(2), 260–269. https://doi.org/10.1158/1055-9965.epi-03-0012

error: Внимание: Содржината е заштитена!

You have successfully subscribed to the newsletter

Се појави грешка. Обиди се повторно.

Здрава Исхрана will use the information you provide on this form to be in touch with you and to provide updates and marketing.